- 1 лимон
- ½ шолја маслиново масло
- ¼ шолја балсамико
- 1 мал црвен кромид, исецкан на тенки парчиња
- 60 грама маслинки (препорачуваме мали)
- Ливчиња од свежо оригано
- 2 пакувања (500 грама) маринирана туна
- 1 багет
- Сол и црн бибер по желба
Чекор 1
Убаво измијте го лимонот, со ренде по должина отсранете ја кората. Остатокот од лимонот резервирајте го за употреба покасно.
Чекор 2
Парчињата од кора од лимон, маслото, оцетот, кромидот, маслинките и ориганото измешајте ги во длабок сад. Додадете ја туната и посолете, прелејте со лимонов сок. Оставете во фрижидер околу 30 минути. Исечете го багетот по ваша желба и сервирајте ја туната со него.

You must be logged in to post a comment Login