Состојки:
-400 гр. бело месо
-1 морков
-1 кромид
-1/2 китка магдонос
-2 компира
-100 гр. замрзнат грашак
-150 гр. брокула
-1 јајце
-1 дл. павлака
-мешан зачин
-бибер
Подготовка:
1.Во поголем сад сварете го месото, изчистениот морков, кромид и компир. Кога супата ќе почне да врие, одстранете ја пената, додајте ги зачините и варете на умерена температура додека сите состојки не омекнат.
2.Варениот зеленчук и месо извадете ги. Морковот и месото исечете ги на мали парчиња и вратете ги во супата. Кромидот и компирот соединете ги во блендер, па добиената смеса додајте ја во супата. Додајте го и грашокот и цветовите брокула и варете уште 10 минути.
3.Во готовата крем супа додајте ја мешавината од павлака и јајце. На крај врз супата додајте малку сецкан магдонос.

You must be logged in to post a comment Login