Состојки:
1 пакетче желатин
1 филџан шеќер
6 жолчки
50 мл десертно вино
500 мл млеко
Подготовка:
Сварете го млекото со шеќерот, изматете ги жолчките со жица и постепено додавајте од свареното млеко.
Вратете ја течноста повторно во тенџерето и со постојано мешање на слаб оган варете го кремот 5-6 минути.
Додадете го виното, измешајте и тргнете го тенџерото од оган.
Растворете го пакетчето желатин во студена вода. Кога ќе набабри ставете го да се растопи на пареа и додадете го во кремот.
Убаво измешајте и поделете ја содржината во чаши. Оставете ги во фрижидер 4-5 часа за да се стегне кремот.
Ако имате тенџере со двојно дно за варење млеко, користете го за подготовка на кремот за најдобри резултати.

You must be logged in to post a comment Login