Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Кнедли на екс: Рецепт без компири и јајца

Иако сите сакаме да ги јадеме, варењето на компири, подготовката и мешањето на тестото за подготовка на кнедлите на многумина им задаваат маки и одземаат многу време. Но брзиот и вкусен рецепт за кој не ви требаат компири ни јајца ќе ги реши вашите проблеми и ќе го намали времето за подготовка. Резултатот се лесни, меки и вкусни кнедли кои ќе ве чинат меѓудругото и најефтино.

Состојки:

2 филџани вода

2 филџани фино брашно

Свежи сливи или џем по желба

Сол по желба

2-3 лажици маслиново масло

Зовријте ја посолената вода и во неа додадете го брашното. Мешајте додека брашното и водата се поврзат и нека не ве загрижуваат грутчињата ако се појават.

На работната површина поросоте со малку брашно и таму ставете ја добиената смеса од тенџерето.

Оставете малку да олади, за да може да се меси и додадете маслиново масло и сол па се заедно добро измесете со раце додека не добиете глатко тесто без грутчиња.

Тестото исечете го на парчиња, во секое од нив ставете слива или со лажица мармалад па со раце оформете ги кнедлите.

Добиените кнедли варете ги во посолена вода додека не испливаат.

Послужете ги декорирани со путер и презла, а по желба и шеќер и цимет.

Ако сакате потврди кнедли, во тестото додадете едно јајце. Од истото тесто можете да направите и вкусни њоки.

Foto: Gulliver/Thinkstock

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Advertisement