Состојки:
* 1 пакетче интегрални шпагети
* 150 г соја трошки (Виталиа)
* 1 главица кромид
* 1 чешне лук
* 1 ½ супена лажица зачин (Виталиа)
* ½ кафена лажичка сол
* 1 кафена лажичка магданос (ситно исечкан)
* 1 кафена лажичка мајчина душичка
* 400 г сос од домати
* 50 мл ладно цедено сончогледово масло (Виталиа)
Подготовка:
Сојата ставете ја во подлабок сад и прелијте ја со врела вода. Оставете ја да постои неколку минути, а потоа исцедете го вишокот на вода. Исечкајте ги кромидот и лукот на ситни коцки. Ставете ги шпагетите да се варат според упатството на пакувањето.
Кромидот и лукот ставете ги да се пржат врз загреано масло во подлабоко тавче. Откако кромидот малку ќе омекне, додадете ја сојата. Пржете околу 15 минути. Потоа додадете ги зачините, добро промешајте и тргнете го тавчето од оган.
Во подлабока чинија за сервирање, ставете ги шпагетите, прелијте ги со сосот од домати, а одозгора ставете од смесата со соја. Декорирајте со неколку ливчиња свеж магдонос и послужете додека е уште топло. Забелешка: Овие состојки се доволни за 4 лица.

You must be logged in to post a comment Login