Потребни состојки
-600 гр печурки
-1 главица кромид
-250 мл неутрална павлака за готвење
-чили сос или една лута пиперка
-магдонос
-кари, мелен ѓумбир
-сол, бибер
За тортиљи
-брашно, вода и малку масло
Подготовка
1. Изчистениот и исецкан кромид пропржете го на малку масло. Потоа додајте ги печурките и се заедно динстајте.
2. Кога печурките се скоро готови додајте павлака, сецкан магдонос и зачини по вкус, па динстајте уште 10 минути.
Тортиљи
1. Брашното и водата матете ги со миксер се додека не се добие смеса малку погуста од смесата за палачинки. Додајте малку масло.
2. Тестото земајте го со кутлача и разливајте го во добро загреано тавче со малку масло и печете (дебело тесто)
3. Додека тортиљите се топли, филувајте ги и декорирајте ги. Послужете ги топли.

You must be logged in to post a comment Login