Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Десерт без печење: Торта од Орео колачиња и шлаг

Тортите се нешто без кои ретко кој може да живее. Независно дали е лето или зима, тие се секогаш еден од омилените десерти на децата.

Torta-bez-pecenje-za-koga-nemate-mnogu-vreme-a-imate-zelba-za-blago-001.jpg

И додека сите сакаме да ги јадеме, ретко кој сака да остане заробен со часови во кујната и да ги подготвува.

Токму затоа, следниот рецепт ќе ви покаже како да направите торта од Орео колачи, која не се пече и е готова за 20 минути.

Потребни состојки:

  • 800 g Орео колачи
  • 700 ml слатка павлака
  • 6 лажици шеќер
  • 110 g путер од кикирики
  • 1 лажица екстракт од ванила

Подготовка:

1. Во голем сад ставете ја павлаката, па додадете ги шеќерот и екстрактот од ванила и убаво измешајте. Потоа додадете го путерот од кикирики. Мешајте додека не добиете цврста смеса.

2. Потоа започнете со обликување на тортата, така што најпрво ќе ставите слој од шлагот, па ќе наредите од колачињата. Повторете ја постапката додека имате шлаг и колачиња.

3. На крај декорирајте со искршени колачиња.

4. Откако ќе биде готова ставете ја тортата во фрижидер во текот на ноќта.

5. Пред да ја послужите, можете дополнително да ја декорирате со стопен путер од кикирики.

Прочитај

Uncategorized

2 октомври е најголемиот државен празник на Република Гвинеја. На овој ден, Гвинеја ја прославува независноста од Франција. 2018 е важна година, бидејќи токму...

Совети за Секс и Врска

Ја љубам мојата сопруга и не се срамам да го покажам тоа. Ја сакам наутро, кога е без грам шминка, сонлива и со коса која...

Лице

Сите знаеме дека маскарата не би требало да ја користиме подолго од 6 месеци, колку и да е во добра состојба, а пудрата не...

Совети за Фитнес

Младата студентка Алис Лајвинг пред само година дена се одлучила да живее здраво и со таа одлука се трансформирала во фитнес кралица. Алис имала...