Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Чоколадни колачиња со прелив

Потребни состојки:

  • 250гр чоколадо
  • 6 јајца
  • 250гр шеќер
  • 315гр печени и крупно исецкани лешници
  • лажица рум

За прелив:

  • 100гр бело чоколадо
  • 50гр путер

Начин на подготовка:

Чоколадото издробете го на коцки во огноотпорен сад, а него ставете го во тенџере наполнето со вода. Варете го чоколадото на пареа, со постојано мешање, додека не се растопи. Тргнете од тенџерето и оставете да се олади. Матете ги жолчките со шеќерот додека смесата не стане целосно густа. Потоа додадете растопено чоколадо, лешник, кој е претходно испечен и крупно исецкан и рум.  Потоа измешајте со цврсто изматени белки, со дрвена лажица. Истурете го тестото во подмачкана округла модла, со дијаметар 23см и печете 50 минути на 190 степени. Оставете го колачот во модлата да се олади, потоа извадете. Непосредно пред служење посипете го колачот со шеќер во прав. За прелив добро измешајте бело чоколадо и путер, а потоа нежно со шпатула нанесете преку колачот или формирајте топчиња кои ќе ги служите со исечени прчиња колач.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Не секоја фантазија претставува желба што треба да се реализира – а молчењето често не произлегува од недостиг на доверба, туку од страв од...

Green Tea

Една од најчестите грешки при нанесување шминка е верувањето дека многу лесен коректор најдобро ќе ги покрие темните кругови под очите. Сепак, пред да...

Green Tea

Белата ПВЦ столарија може да го изгуби својот оригинален сјај со текот на времето. Сиви траги се појавуваат околу рачките, додека на прозорските прагови...

Green Tea

Ако ги прашате мажите кој дел од женското тело го сметаат за најпривлечен, многумина веројатно би ги споменале нејзините гради или задник. Сепак, постои...

Advertisement