• Сподели на:

Брз, лесен, освежителен: Леден колач со малини

___

Овошните рецепти се совршени за во лето, бидејќи се освежителни и можат да ве наполнат со енергија.

osvezitelen-i-sovrsen-za-letnite-utra-leden-kolac-so-malini-001.jpg

Еден од многуте е рецептот за леден колач со малини:

Потребни состојки:

За пандишпан:

  • 7 белки
  • 7 лажици шеќер
  • 7 лажици брашно
  • 1,5dl млеко

За фил:

  • 7 жолчки
  • 7 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 7dl млеко
  • 3 пакетчиња ванилин шеќер
  • 250g путер

За декорација:

  • 4dl слатка павлака
  • 150g малини

Подготовка:

За пандишпанот:

1. Изматете ги белките во цврст шлаг, а потоа со непрестајно матење постепено додавајте шеќер.

2. Кога ќе се растопи шеќерот, додадете брашно и полека мешајте.

3. Обложете ја тепсијата со хартија за печење и ставете ја подготвената смеса. Печете околу 20 минути во загреана рерна на 160 степени.

4. Готовиот пандишпан оставете го да се олади, а потоа направете мали дупчиња во него и прелијте го со топло млеко.

За филот:

1. Изматете ги жолчките со шеќерот, ванилиниот шеќер, брашно и 1dl млеко.

2. Останатото млеко ставете го во тенџере и оставете го да се свари. Потоа, додадете ја изматената смеса од жолчки, продолжете со варење на умерена температура и мешајте додека не се згусне.

3. Во оладената смеса додадете омекнат путер и изматете го со миксер.

Финална постапка:

1. Натопената кора премачкајте ја со подготвениот фил.

2. Изматете ја слатката павлака, така што ќе добиете цврст шлаг, а потоа додадете малини, измиксирајте и потоа премачкајте ги преку филот.


Оставете коментар

___