Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Бел колач

Потребни состојки:

300 гр бисквити

150 гр путер

200 гр бела чоколада

400 гр павлака

10 гр желатин

100 мл вода

Начин на подготовка:

Бисквитите се мелат во блендер и во нив се додава путерот (на собна температура). Се меша добро. Смесата се поставува на дното на садот со дијаметар 24 см.

Подготовка на кремот:

Чоколадата се топи на пареа. Се исипува во павлаката и се меша додека состојките добро не се соединат. Желатинот се накиснува во 100 мл студена вода и откако ќе набабри се раствора на пареа (желатинот не треба да зоврие). Се додава во кремот.

Колачот се лади додека се стегне кремот. Се украсува со рендана бела чоколада.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Advertisement