• Сподели на:

3 вкусни појадоци кои ќе ви одземат само 5 минути наутро

___

Понекогаш наутро сме во толку голема брзаница што немаме време дури ни да појадуваме.

3-odlicni-pojadoci-koi-kje-vi-odzemat-samo-5-minuti-nautro-001.jpg

Постојано слушаме дека појадокот е најважниот оброк во денот кој никако не смееме да го пропуштиме, бидејќи истиот е многу важен за нашето здравје.

За да не поминете уште еден ден без појадок ние ви нудиме 3 идеи за подготовка на појадок кои ќе ви одземат само 5 минути…

Чоколаден колач

3-odlicni-pojadoci-koi-kje-vi-odzemat-samo-5-minuti-nautro-1.jpg

Потребни состојки:

  • 3 лажици брашно
  • 1 лажичка инстант кафе во прав
  • 2 лажици какао во прав
  • 3 лажици шеќер
  • 1/4 лажичка прашок за печиво
  • 2 лажици млеко
  • 1 јајце
  • 2 лажици растително масло
  • 1/2 лажичка ванила

Подготовка:

1. Убаво измешајте ги брашното, кафето, какаото, шеќерот и прашокот за печиво во шолја.

2. Додадете ги млекото, јајцето, путерот и ванилата. Мешајте со вилушка додека не добиете хомогена смеса.

3. Ставете ја смесата во шолја која претходно сте ја премачкале со масло. Печете во микробранова 90 секунди. Внимавајте колачот да не се препече.

Нутела тост

3-odlicni-pojadoci-koi-kje-vi-odzemat-samo-5-minuti-nautro-03

Потребни состојки:

  • 2 парчиња бел леб
  • 2 лажици Нутела
  • 1 банана

Подготовка:

1. Размачкајте ја Нутелата врз прачињата леб. Бананата исечкајте ја на кругови и наредете ја врз едното парче леб. Покријте со другото.

2. Потпечете од двете страни на тава со малку путер.

Чизкејк готов за 1 минута

3-odlicni-pojadoci-koi-kje-vi-odzemat-samo-5-minuti-nautro-04

Потребни состојки:

  • 50g маскарпоне
  • 2 лажици слатка павлака
  • 1 јајце
  • 1/2 лажичка сок од лимон
  • 1/4 лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажици шеќер

1. Измешајте ги сите состојки и ставете ја смесата во сад за печење кој претходно сте го подмачкале со путер.

2. Печете на највисока температура 90 секунди, мешајќи ја смесата на секои 30 секунди.

3. Почекајте да се олади, а потоа додадете свежо овошје, шлаг и сечкани ореви или бадеми


Оставете коментар

___