• Сподели на:

Време ли е за ново работно место?

___

Секој од нас во некој период од животот може да се најде во ситуација кога иако е среќен што има работа, притисокот едноставно е неиздржлив. Малите промени можат многу да ви помогнат, ако веќе не можете да си дозволите да ја промените кариерата. Но, како да препознаете дека сте дошле до моментот кога навистина ви треба промена на работното место?

Сте ја изгубиле страста

Нормално е првичната страст и ентузијазмот да спласнат со тек на време, но ако не чувствувате апсолутно никаква страст тоа може да преставува голем проблем. Сепак, страста кон работата е тоа што нè придвижува кон успехот.

Вашиот труд не се цени

Луѓето сакаат нивниот труд и придонес кон работата да биде препознаен и ценет. Ако чувствувате дека тоа не е така, може да се доведете во ситуација вашата самодоверба да страда. Магичниот круг – давате сè од себе, вашиот труд не е ценет, а вие се чувствувате лошо, нема да заврши сè додека не одлучите да го разбиете.

Нема изгледи за напредок

Во денешно време сосема е вообичаено да работите на една работна позиција подолго време. Но, ако какви било шанси за напредок се исклучени, тоа може да преставува проблем во мотивацијата.

Вашата енергија е минимална

Не постои магична формула за работно место без стрес и хаос. Но, доколку се чувствувате исцрпено и уморно, а акумулираниот умор му штети на вашето здравје, размислете за тоа да направите некакви промени. Ако вашето работно место не ви дозволува да воспоставите здрав животен баланс, веројатно треба да размислите за потрага по ново работно место.

Не постои граница помеѓу работното и приватното време

Нормално е понекогаш работата да мора да ја довршите дома, но ако работата го одзема секој момент од вашето слободно време, љубовта помеѓу вас и вашата работа бргу ќе исчезне. Опседнатоста не е здрава во ниеден облик, вклучувајќи ја ни таа со работата.


Оставете коментар

___