• Сподели на:

Совети од моќните жени

___

Во денешнава трка со времето, покрај амбициозноста и желбата за успех, неизбежна е самодовербата. Се почнува внатре во нас, секој чекор нагоре или надолу, зависи главно од нас. Запознавајќи се себе си, познавајќи си ги вредностите, а и слабостите и работејќи на себе, може да создадеме нешто неверојатно. Велат лидер не се создава, лидер се раѓа… не слушајте, водете се по овие совети:

1. Вистинското лидерство пред се е да бидеш лидер на себе и сопствениот живот, а потоа и на надворешниот свет.

2. Жените не мора да се однесуваат како мажите за да напредуваат во бизнисот. Треба да ги користиме нашите вродени карактеристики, како сочуството и добрите вештини за сослушување.

3. Креирајте визија за вашиот живот во наредните 10 години и знајте дека ја имате моќта да го остварите тоа.

4. Одвојте време во текот на денот за се слушнете себе си, да ја слушнете вашата интуиција.

5. Сакајте си го телото, фокусирајте се на добра и здрава исхрана, спортување и поминување време во природа.

6. Поголемиот број на жени се по природа организатори и лесни соработувачи. Може да го искористите ова да покренете некоја активност или движење кое вас ве интересира или засега, а исто така е и од општествена корист.

7. Соработката и групирањето на жените може да доведе до социјални промени, да им се помогне на оние со потешкотии во животот. Не знаете дали и кога вам ќе ви биде потребна помош.

8. Важно за лидерството е и менторството. Лидерството е за давање и примање ентузијазам, идеи и искуство.

9. Запознај се себе си, знај ги своите таленти и слабости. Надградувај се и не се плаши да побараш помош.


Оставете коментар

___