Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Следете го својот сон

Голем дел од успесите кои ќе ги достигнеме целосно зависат од нашите системи на верување, од силата на нашето верување во тоа колку е тешко или лесно да се постигне успех и да се стекне богатство. Колку самите веруваме во себе и во своите шанси да во тоа успееме. Еднакво е важна и енергијата која во тоа ја вложуваме. Всушност, тие емоции и верувања одредуваат дали ќе можеме да издржоме до крајот и својот сон ќе го претвориме во реалност. За жал многу се откажуваат пред време и нивните соништа никогаш не ја виделе светлоста на денот. Не дозволувајте тоа и вам да ви се случи.

 

pari

Да се борите за своите соништа значи да знаете што вашето срце сака. Тоа значи да го пронајдете она што целосно ве преокупира, кога ќе го изгубите поминот за време кога работите и иживате во секој момент. Кога ќе ги усогласите целите со нивната намена и животните вредности, додека конечно не станат едно. Кога ќе откриете што е тоа што го правите најдобро со страст и посветеност, богатството на крајот ви доаѓа како награда. Многумина мислат дека создавањето на богатство за себе и своето семејство мора да вклучува тешка и напорна работа. Точно е дека за постигнување на било каков успех во животот се бараат ментални или физички работи, но вреувањето дека мора да се ‘убиете’ од работа не е точно.

Еден од начините за создавање на богатство е да ги следите вашите соништа и срцето на начин кој може да биде возбудлив и забавен, да го правите она што го сакате и во кое најмногу уживате. Не можеме сите да бидеме филмски ѕвезди, музичари или успешни спортисти. Сепак, верувам дека секој од нас има некоја единствена и посебна дарба, нешто што не издвојува од другите. Нашата мислија во животот е да го пронајдеме тоа нешто. Значи, за создавање на богатство и успех доволно е да се изразите себе си на свој посебен начин. Можете да заработувате пари работејќи го она во што уживате. Се работи само за верување кое преовладува. Ако сметате дека не можете, во право сте. Ако мислите дека можете, повторно сте во право. Изборот е само на Вас. Парите сами по себе не се ниту добри ниту лоши. Целосно се неутрални. Парите се всушност мерка на енергија. Некоја создадена вредност за која другите се подготвени да платат.

За да станеме и бидеме сето она за што сме способни и за да имаме финансиски резултати кои ги посакуваме и заслужуваме треба да ги следиме своите соништа и да го пронајдеме својот животен повик. Животниот повик се состои од вашата цел, визија и способности. Најголемата вредност е да бидете она што сте. А кои сте вие навистина? Кои се вашите потреби и вредности? Кога сите ваши желби и потреби би биле задоволени и кога би можеле да бидете само она што сте, во согласност со кои вредности би сакале да живеете? Кога би го имале сето богатство на овој свет, што ќе направите? Каде и со кого ќе го поминувате поголемиот дел од своето време? Што навистина ве мотивира? Што е тоа што го сакате најмногу?

Најдете време да ги одговорите овие прашања. Ќе ви помогне да го дефинирате вашето лично зошто. Ќе добиете причини зошто нешто правите или не правите. Зошто ви е нешто важно или неважно. Во тие одговори се крие вашата внатрешна мотивација која има движечка сила и која ви буди страст и ентузијазам да успеете во жвотот да ги остварите своите соништа, се она што го сакате и заслужувате.

Кога ќе ги прашате луѓето што е тоа што ги мотивира, многу често добиваме одговор: “Пари”. Ако и поматаму прашаме: “Зошто парите ви се толку важни?”. Тогаш доаѓаме до вистинскиот мотив. Не се парите тие што ве мотивираат, парите тука ја немаат онаа движечка сила. Ве мотивира крајниот резултат. Она што парите можат да го обезбедат. А тоа е слобода, моќ, успех, исполнетост од работата што ја сакаат, а во исто време уживаат. И затоа секој ден треба да се стремиме до самореализација, да се приближиме до своите соништа и цели и да станеме она за што сме способни. Замислете што ќе се случи во вашиот приватен и деловен живот кога ќе се посветите на тоа.

 

Прочитај

Four Seasons

Кога станува збор за вашето ментално и физичко здравје, мораме да признаеме дека не постои ништо поважно од тоа… Емотивно побогати и физички подмладени...

Fine Living

Доколку целата приказна околу корона вирусот ви се досади, зедно со мерките за социјална дистанца и едвај чекате да лутате по шума, имаме една...

Wall Street

Гигантски ТВ и понатаму ја нуди познатата елеганција и естетика на познатиот дански бренд… Bang & Olufsen брендот изгради своја репутација со мешавина на...

Fine Living

Новата Oceanco јахта, Esquel концепт е бестрашен модел дизајниран да ги истражува најоддалечените океани во светот…. Новата Oceanco јахта, Esquel концепт екстремна експедиција има...