Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Што да носите на интервју за работа

Пет предлози што ќе ви помогнат да оставите добар впечаток … и се надеваме ќе ви донесат понуда за работа!

Одлуката што да носите на интервју за работа може да ви создаде стрес и чуство на несигурност. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат самоуверено да се облекувате и да стигнете до успех.

Една од најпознатите стресни работи во животот на возрасниот е страшното интервју за работа. Има толку многу работи за кои треба да се грижите: како да се направи добар впечаток на личноста што ве интервјуира; како да се претставите себеси како апсолутно најдобар кандидат за позицијата , и, се разбира, како треба да се облечете!

Облека што ја носите на интервјуто за работа е многу важна работа, бидејќи сликата што ја презентирате на вашиот работодавец понекогаш може да ја направи разликата помеѓу добивање и недобивање на понуда за работа.

Без разлика дали сакате да го признаете тоа или не, вашиот изглед зборува за тоа каков вид на вработен може да бидете. “Дали сте снаодливи или не ? Дали сте просечни или надпросечни? Дали обраќате внимание на детали или не? Запамтете, во оваа ситуација погрешен вид на внимание е полошо отколку  да останете без никакво.

Без разлика дали наскоро ќе дипломирате па ќе бидете во потрага по првата работа или сте искусен професионалец кој се залага за нова позиција, вреди да ги прочитате следните седум совети:

Фокусирајте се на квалитетот , а не на квантитетот . Секогаш изберете облека од најдобриот материал што можете да си го дозволите, дури и ако тоа значи на почетокот да имате само два костуми. (Можете да ја надополните таа гардероба откако ќе ја добиете првата плата! ) Квалитетната облека изгледа најдобро и издржува најдолго. Препорачливо е инвестирање во волнени костуми и здолништа, бидејќи волната е издржлив материјал,  лесен за одржување , и може да се носи најмалку 10 месеци од годината.

Бидете сигурни дека облеката ви се совпаѓа. Во изборот на високо -квалитетни парчиња,  исто така важно е да бидете сигурни дека вашата облека е во вистинската боја и форма за вашата возраст, тип на тело, и кариера. Замолете некој пријател , продажбен соработник , или консултант за имиџ за совет ако не сте сигурни кои работи најдобро стојат  на вас. Избегнувајте парчиња кои се премногу кратки, премногу тесни , или ако сте во позрели години изгледаат премногу тинејџерски на вас . Запомнете, додворувачка , добро прилагодена облека покажува дека внимавате на деталите и прави добар прв впечаток за вас и за тоа како гледате на работата.

Биде елегантни и незаборавни. Секој апликант сака да се издвои од толпата. Но, за време на интервјуто, веројатно најдобро е да не се разликувате премногу . Пред се, вие не сакате да се направи траен негативен впечаток со разнишани високи потпетици или некое слично невкусно парче облека. Ако не сакате да бидете заборавени поради вашиот “здодевен” костум , фокусирајте се најдобро да се представите преку вашето искуство, и вашиот потенцијал. Запомнете, луѓето донесуваат одлуки за вас од првиот момент кога ќе се запознаете, без разлика дали сте свесни за тоа или не. Значи, кога се двоумите, нема да згрешите ако застанете на страната на облекување конзервативно. Можете да размислувате за приближување кон работ на модата откако сте биле ангажирани.

Најдете рамнотежа помеѓу убавината и удобноста. Уште една причина за да бидете сигурни дека вашата облека ви одговара е едноставно – удобноста. Размислете за тоа: Ако вашето здолниште овозможува само тесен опсег на движење, ќе ви биде многу неудобно . Осигурајте се дека облеката ви е удобна , така што ќе можете да се фокусирате на средбата и да се препуштите во тоа да се прикажете најдобро што е можно , а не да мислите на тоа што го носите.

Не заборавајте детали. Деталите на било која облека се важни ! Еве некои работи на кои треба да се обрне внимание пред  да се упатите на вратата за вашето интервју:

Чевлите треба да се исполирани и во одлична форма. Нема траги од стапки или да се згмечени во прстите! Заменете или поправете ги на време.
Косата треба да е негувана и стилизирана конзервативно. Ако е можно, да се закаже фризер неколку дена пред вашето интервју.

Кога ќе одите на интервју чувствувајте се удобно и бидете полни самодоверба затоа што знаете дека сте облечени пригодно за таа намена. Така ќе бидете еден чекор поблиску до добивање на посакуваната понуда за работа.

Прочитај

Wall Street

Иако на секого од нас му стана јасно дека пандемијата, корона вирусот нема да исчезне туку така, Ferrari брендот крои планови како да го...

Fine Living

Ремек дело од педесетите години од минатиот век, кое беше дизајнирано од угледниот американски архитект Френк Лојд Рајт, сега се наоѓа на продажба… Познат...

Cotton Club

Бисерите се носат веќе со векови – всушност, тие се највредниот подарок кај кинеските благородници уште од 2300 годиа пред нашата ера, додека во...

Cotton Club

Заедно со сите свои преубави новитети, Montblanc брендот лансираа и една старомоден примерок кој е дел од нивната 1858 колекција… Новитетот доби дизајнерски елемент...