Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Ова немојте никогаш да го кажете на вработена мајка

Некои реченици ги нервираат и растажуваат мајките кои, покрај тоа што ги воспитуваат и негуваат своите деца, секој работен ден одат и на работа. Дознајте што не смеете никогаш да им кажете или да ги прашате.

Не би можела да ги оставам децата на друг. “Не би можела ни јас”, ќе помисли тогаш Вработената Мајка. “Затоа ги одгледувам и воспитувам.”

Би сакала и јас да можам да побегнам од обврските. Вработената Мајка тогаш ќе се запраша: “Дали службените телефонски разговори, состаноци, трпење на нервозата на шефот и прекувремената работа – се бегство?”

Ама твојот сопруг е многу успешен! “Да. И јас сум”, ќе помисли тогаш Мајката.

Барем можеш да бидеш мајка ноќе. “Да”, ќе рече Вработената Мајка, “И наутро и попладне. Исто како тебе.”

Сигурно му недостасуваш на детето. Вработената Мајка тогаш ќе помисли: “Ми недостасува и тоа мене, но го правам ова за него.”

Можеби детето ќе ти беше попристојно, ако си почесто дома. “Можеби тебе, да не си толку непристојна”, ќе помисли Мајката.

Ако се откажеш од луксузот, нема да мора да одиш на работа. “Храна, струја и кров над глава се луксуз?”, ризикувате да бидете прашани доколку ова го кажете на Вработената Мајка.

Ако не сакаш да бидеш родител, зошто тогаш си родила дете? Вработената Мајка највеќе од се се ужаснува од ова прашање. “Зошто трудот да заработам за храна и облека, не се смета како дел од родителството?”

Мене би ме гризела совеста. “Епа, тогаш е супер што не сум ти.”

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

По кратка пауза поради коронавирусот, Меланија Трамп повторно му се придружи на сопругот на претседателската турнеја. Како и секогаш, таа го поддржа својот сопруг...

Cotton Club

Комбинациите на облека на sвездите на уличниот стил имаат многу да ни кажат за модата и трендовите секоја сезона, а тоа не се однесува...

Fool Moon

Серијата „Сексот и Градот“ својата прва епизода ја емитуваше за 6 милиони гледачи ширум светот на 6 јуни 1998 година. Со текот на времето,...

Fine Living

Statement лустерите се хит дизајн за ентериер веќе некое време. Ова се раскошни висечки уреди кои го осветлуваат и разубавуваат домот. Лустерите некогаш се...

Advertisement