Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Од канцеларија на шпорет: Како да јадете готвено, а да не подготвувате после работното време

Готвење после работното време? За да не ви преседне ручекот или за да не папсате од глад и умор после работноте време или пак воопшто да не јадете, ви предложуваме неколку финти како сепак да јадете готевно јадење. И тоа без поголеми последици по вашиот буџет и нерви.

КУПЕНО ПИЛЕ

Веќе испеченото пиле може да го користите на повеќе начини.

Исецкајте го месото и измешајте го со сирење, тоа може да биде прилог.

Сецкано пилешко може да се измеша и со тестенини, или пак да се стави во супа.

Лиснатото тесто навистина е тајното оружје на брзата кујна. Имено, со него може да се сервира сè, од олено до благо, речиси во секоја прилика.

ГОТВЕТЕ ДО ПОЛОВИНА

Згответе ориз, грав, грашок, леќа во вид на чорба. Тоа нека ви биде подлога за убаво чорбесто јадење или вариво.

РИБА

Купете малку поголема количина риба, исчистете ја и ставете ја во замрзнувач. Кога брзате, само ставете ја во плехот, посолете ја, ставете маслиново масло и ќе имате здрав оброк готов за 20 минути.

ЈАДЕТЕ СИРОВО

Зеленчукот како што е зелката, не мора да го готвите

Доволно е само ситно да ја исецкате и да ја зачините со лимонов сок.

НАПРАВЕТЕ РАЗНИ СОСОВИ

Направете поголема количина сос, да речеме од босилек, нане, лук или некои други билки. Замрзнете еден дел, па тогаш кога нема да имате време да готвите, додајте го на парчетот лосос, пилешко или тестенини, во зависност што ви се јаде во моментот. Ќе имате вкусен оброк за помалку од 15 минути.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement