Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Непријателство помеѓу жените на работното место

Ново истражување открива дали на работното место подобро се сложувате со мажите или пак со жените.

Од Универзитетот во Квебек ни пристигаат интересни информации за колегијалноста и соработката меѓу мажите и жените на работа. Истражувачите открија дека две жени на различни позиции во една компанија соработуваат полошо отколку двајца мажи во иста ситуација.

Кога се на иста позиција, тогаш жените немаат проблеми и можат да остварат добра соработка.

Се покажало дека мажите се поспремни своите разлики и конфликти да ги остават настрана, без оглед на која хиерархиска позиција се. Жените обично подобро се чувствуваат во друштво со колешките кои се на иста позиција како нив.

Имено, научниците биле заинтересирани да дознаат дали мажите и жените подобро се сложуваат со луѓе од ист пол на работното место и затоа анализирале голем број на студии кои се однесувале на ова прашање, на 50 катедри за психологија на различни универзитети.

Заклучокот бил: проблемот настанува кога една жена е помоќна од друга! А проблемот би можел да биде, според експертите, во недостатокот на доверба од двете страни.

И претходните истражувања покажале дека жение со понизок статус можат да имаат проблеми во соработката со помоќни жени. За разлика од мажите, кои полесно го кажуваат она што го мислат, многу жени ќе остават незадоволството да се развие во бес и љубомора.

Џојс Бенсон од Харвард вели дека инстиктивната недоверба кон жените на позиција често може да го попречи напредувањето во кариерата.

– Ова значи дека талентираните и образовани жени во нова компанија ќе имаат помала поддршка отколку мажите со ист квалитет – вели Бенсон. Во тој случај, секако дека ќе и биде полесно ако претпоставениот е маж!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement