• Сподели на:

Не ги правете овие грешки на работното место

___

Работното места стана средина во која секој ден се бара сè повеќе од вработените. Дали кариерата ќе заземе нагорна линија и какви работници ќе сте притоа, тоа ќе зависи само од вас – жените.

Овде е листата од пет грешки кои треба да научите да ги избегнувате.

Користете го своето цело име и презиме кога сте на состанок со потенцијални клиенти или нови колеги

За разлика од Бијонсе, Мадона, Шакира, кои светот ги препознава само по тоа име, за вас другите, тоа не е дозволено. Вие имате име и презиме кое треба го кажете целосно секогаш кога се претставувате на состанок.

Нема оправдување за незавршената работа, недоаѓањето на работа на време или правењето грешка на работа

Ако веќе сте ја направиле грешката, извинете се и поправете го проблемот. Секој прави грешки, а посебно кога сте надвор од дома и сакате да направите нешто ново. Најважна работа е да не објаснувате премногу, туку да се обидете да ја поправите грешката пред да продолжите понатаму.

Игнорирајте наместо да се извинувате за грешката која не сте ја направиле

Жените имаат тенденција да се извинуваат на работното место и за работи кои воопшто не ги направиле. Иако мислите дека со тоа сте учтиви, вие всушност така можете да ја расипете сликата за себе. Ако постојано се извинувате, ризикувате луѓето да го сфатат тоа како знак на слабост или недостаток на моќ за убедување.

Не сфаќајте лично

Жените треба да сфатат дека многу одлуки во бизнисот се направени без оглед дали тоа им се допаѓа ним или дали го прифаќаат. Сите бизнис одлуки се направени не за да ве навредат вас, туку за да го подобрат бизнисот. Вие пак, мора да бидете дел од тимот зашто во спротивно луѓето ќе мислат дека секој успех сакате да си го припишите како ваш личен, па ќе почнат да не сакаат да соработуваат со вас.

Не внесувајте ја приватноста во работата

Тоа е бизнис. Да бидете пријателки со колешката на работа е едно, но да сте премногу блиски е сосема друго. Тие не се вашиот психијатар кој ќе ве слуша за тоа колку тешка ноќ сте имале со партнерот. Одлично е кога се градат здрави пријателски односи, но секогаш треба да си повлечете една линија после која не смеете да одите. Не заборавете дека еден ден можеби токму вие ќе станете нивен шеф.

Најголемата грешка која жените ја прават на работа е постојаниот напор да им се допаднат на другите. Подобро е кога сте дел од оние жени кои имаат самодоверба и кои никому не се додворуваат. Токму тие имаат поголем успех во кариерата и од мажите и од жените заедно.


Оставете коментар

___