Да направиш грешка на работното место е нормална работа, почнувајќи од тоа да му пратиш мејл на шефот кој бил наменет за твојата пријателка, до тоа да направиш грешка во сметките на некој клиент. Во зависност од тежината на грешката која си ја направила, се чувствуваш помалку или повеќе виновна, но не грижи се, за сè има решение! Освен тоа, сите прават разни грешки на работа, но сепак, она што може да има негативни последици врз тебе, во днешното општество кое секој ден е се повеќе меѓусебно поврзано, е тоа што една обична мала грешка може само за неколку секунди да се претвори во голема грешка за која сите ќе дознаат и ќе стане уште пострашна.
На пример, сети се на колегата кој поради расеаност, испрати мејл до целата компанија во кој имаше рескажано за пијанството од претходната вечер, а за да бидат работите уште полоши, тој се јавил да каже дека нема да дојде на работа бидејќи не се чувствува добро. Технологијата во ваквите случаи може да биде против тебе, па за да не направиш ваква грешка на работа, најдобро е мејловите на твоите пријатели да им ги праќаш од дома, а со тоа избегнуваш и можност шефовите да се налутат бидејќи работното време го губиш за привани работи и баналности.
Во ваквите случаи, најдобро е да ја исправиш грешката што е можно побрзи бидејќи сигурно, порано или подоцна, некој ќе сфати и тогаш последиците можат да бидат кобни. Извини му се на шефот или на било кој инволвиран во случајот. Кога ќе направиш ваква грешка не значи дека можеш да ја исправиш само со „извини“, маусот сам го прати мејлот.!
Твоите извинувања, твојата подготвеност да ја прифатиш одговорноста и твоето искрено прифаќање на сериозноста на случајот ќе направат другите повеќе да те ценат. Ако го направиш спротивното, ако даваш изговори, ако се обидуваша да се оправдаш или ако кажуваш премногу детали за она што се случило, единствено што ќе добиеш е слика за себе како незрела и неодговорна личност. А во случајот, навистина изгледа така!

You must be logged in to post a comment Login