Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Користете пауза во работното време!

Иако вработените на полно работно време, имаат законско право на една пауза во текот на денот, се покажало дека малкумина вистински ја искористуваат. Многу луѓе паузата за ручек ја поминуваат на своето биро, јадејќи нешто набрзина. Ова однесување, освен што е нарушување на законските одредби, всушност е многу лошо за продуктивноста и за менталната состојба на работникот.

Паузите не се направени за работодавецот да покаже дека има фер однос кон своите вработени, туку се за нивно добро. Дали знаевте дека минипауза од 30 секунди ја подобрува вашата продуктивност за 13%? Ако сте едни од оние луѓе кои цел ден го поминуваат работејќи и одбиваат пауза за да не ја намалат својата продуктивност, тогаш можеби следниве факти ќе ве натераат да се премислите.

Потребни ви се повеќе мали паузи

Минипаузите со времетраење од 30 секунди до 5 минути ја подобруваат вашата продуктивност и ментална активност за 13% во просек. Ако работите на компјутер и цел ден гледате во екранот паузата од 15 секунди на секои 10 минути ќе го намали уморот за 50%.

Во истражување направено со работници кои се жалеле на болки во рацете, зглобовите и дланките се покажало дека 5-минутна пауза на секој час значително влијае во елиминирањето на болките.

Друга студија пак покажала дека редовните кратки паузи со траење од 1,5 минута ја подобруваат вкупната продуктивност кај работниците за 6,45 %, додека пак паузите од 2 минути за 11,15 %.

Оние кои не можат да си дозволат редовни паузи, оптималниот распоред на пауза би бил 6-минутна пауза на секои 80 минути.

Понекогаш мала дистракција е добра за вашиот мозок

Оние луѓе кои поминуваат малку од работното време сурфајќи на Интернет, се во просек 9% попродуктивни од нивните колеги кои успеваат да одолеат на потребата за малку рекреативно сурфање.

Паузите се поефективни кога ги правите пред навистина да би бидат потребни.

Двеминутната пауза не е долга, но е доволна:

Станете и истегнете се  – дури и само ако ги дигнете рацете во вис на вашиот мозок ќе му овозможите поголемо количество на кислород.

Одморете ги очите – доколку само 20 секунди гледате во далечина од најмалку 6 метри ќе го намалите очниот притисок.

Отворете го вашиот Фејсбук-профил – истражувањата покажале дека вработените се 10 % попродуктивни кога одвреме-навреме ги проверуваат профилите на социјалните мрежи.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement