• Сподели на:

Како да се изборите со невозможните луѓе на работа

___

Повеќето од нас познаваат некој кој е неподнослив. Ништо не добиваме доколку тоа и го нагласиме на таа личност, бидејќи таа не е свесна за проблемот. Без разлика дали станува збор за пореметување на личноста или нешто друго, моше да научите како да се изборите со овие луѓе и да ја сочувате својата присебност. Особено е важно а работното место да останете присебни и да не допуштите овие луѓе да ви наштетат. Затоа научете како да управувате со конфликтот.

Не губете го трпението – не дозволувајте да ве извадат од такт

 

1) СПРОТИСТАВЕТЕ СЕ НА ПОТРЕБАТА ДА СЕ БРАНИТЕ

Мора да рзберете дека не моѓе да се расправате со овие луѓе бидејчи нив ги нарекуваат невозможни со причина. Во нивниот ум вие сè правите погрешно и сè што ќе им кажете ќе го сметаат за ваша страна на приказната. Вашето мислење не е важно бидејќи вие не сте во право, без разлика за што и да стнува збор.

 

2) НЕ ОБИДУВАЈТЕ СЕ ДА ГО РЕШИТЕ КОНФЛИКТОТ

Искреното искажување на проблемот нема да го поправи вашиот однос со невозможната личност. Наместо да тежнеете кон смирување, очекувајте дека дотичната личност ќе стане уште понеподнослива. Конфликтот со оваа личност нема да го решите како секој друг конфликт – ова е посебна ситуација. Однесувајте се кон нив како со деца и не очекувајте разумен одговор.

 

3) ПРИФАТЕТЕ ЈА СИТУАЦИЈАТА

Невозможните луѓе постојат и не можете да промените ништо во врска со тоа. Прво што треба да направите е да се соочите со реалноста и да прифатите дека имате работа со неподнослива личност.

 

4) СЕКОГАШ КОГА МОЖЕТЕ, ДИСТАНЦИРАЈТЕ СЕ

Кога сте сред конфликт со невозможна личност, користете ја следнава стратегија:

 

– Останете мирни и воздржете се од расправија и тешки зборови.

– Изолирајте се од ситуацијата и обидете се да бидете рамнодушни.

 

5) РАЗБЕРЕТЕ ДЕКА НЕ СТЕ ВИЕ ВО ПРАШАЊЕ; ТУКУ ТИЕ

Тоа може да биде тешко, со оглед на тоа дека невозможните луѓе се мајстори за префрлање на вина. Најверојатно е дека самите се виновни онолку колку ве обвинуваат вас.

 

6) ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПРОЕКЦИЈА

Мора да бидете подготвени на тоа дека ќе бидете обвинети речиси за сè. Ако вашата невозможна личност го чита текстов, веројатно ќе помисли дека пишуваме за вас. Подгответе се на тоа дека сите маани и грешки на невозможната личност ќе бидат упатени кон вас.

 

7) ЧУВАЈТЕ СЕ ОД БЕС

Само помислете на тоа дека невозможната личноста сака кога ве гледа лути. Сè што ќе кажете во моемнти на бес ќе биде искористено против вас. Неподносливите луѓе имаат добро помнење и нема долго да размислуваат пред да ја изнесат целата листа на вашиот валкан долен веш.

 

ДОЛГОРОЧНО УПРАВУВАЊЕ

1) НАУЧЕТЕ ДА УПРАВУВАТЕ СО НЕВОЗМОЖНА ЛИЧНОСТ

Мора да научите да се носите со невозможните личности и да управувате со нив така што ќе се заштитите себеси. Најдобро би било да бидете тивки, духовити и да не се обидувате да ги „поправите“ таквите личности. Признајте си себеси дека не можете да ја убедите невозможната личност да сноси дел од одговорноста за онашто се случува меѓу вас.

 

2) НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА БИДЕТЕ ИСТУРКАНИ ВО АГОЛ

Избегнувајте расправии со ваквиот тип личност и избегнувајте да останете насамо со неа. Секогаш гледајте да има уште некој со вас. Насилниците никогаш не настапуваат во друштво.

 

3) ЗЕТЕ ВО ПРЕДВИД ДЕКА ВАШИОТ ПРОБЛЕМ МОЖЕ ДА БИДЕ НЕКОМПАТИБИЛНОСТ

Понекогаш луѓето кои се сложуваат со сите останати можат да бидат невозможна личност за вас. Повеќето врски меѓу луѓето се изнијансирани во многу детали, а некои луѓе се потполно спротивни. Во конфликтот,, ваквата невозможна личност ќе ја извади картата „сите други ме сакаат“ и ќе се обиде вината да ја префрли на вас, но не наседнивајте на тоа.

 

4) ЗАШТИТЕТЕ ГО СВОЕТО САМОПОЧИТУВАЊЕ

Ако постојано сте во судир со некој кој се обидува да ве претстави како извор на секое сло, мора да превземете сериозни чекори за одржување на своето самопочитување. Фокусирајте се на луѓето кои ве ценат. Сфатете дека таа личност намерно ве повредува со цел да ја поправи својата сликата во очите на другите. Убедувајте се себеси дека сте поголеми и подобри од таа личност и дека нема да се спуштате на тоа ниво.

 

5) ВНИМАВАЈТЕ ДА НЕ ГИ СТЕКНЕТЕ НЕЈЗИНИТЕ ОСОБИНИ

Ако не внимавате, може да се случи без да сакате да присвоите некои особин на невозможна личност. Не обидувајте се да ја победите со нејзиното оружје.

 

6) БИДЕТЕ ЦЕЛОСНА СПРОТИВНОСТ

Бидете пример за толеранција, трпение и добрина. На сите нас влијаат луѓе од нашата околина и никој од нив не е совршен, па не мора ни вие да бидете.

 

7) ЗАШТИТЕТЕ ЈА СВОЈАТА ПРИВАТНОСТ

Невозможните луѓе ќе ја искористат секоја информација од вашиот приватен живот, колку и да ви изгледаат безначајно тие информации. Оние другите можат врз основа на тие информации да раскажуваат разни приказни за вас. Бидејќи тие се специјализирани за манипулација, знаат и како од вас да ги извлечат токму тие информации.


Оставете коментар

___