Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Како да ги инспирирате луѓето околу вас?

Без разлика дали се обидувате да инспирирате некого да престане да пие алкохол, да почне да создава музика или да започне нешто ново, постојат неколку едноставни техники со кои ќе успеете да ги инспирирате луѓето околу вас.

Бидете искрени. Доколку сте неискрени, никого нема да инспирирате. Луѓето мора да веруваат дека знаете за што зборувате и дека имате концепти во животот. Најдобар начин да го постигнете ова е да бидете искрени. Бидете ентузијасти и верувајте во тоа што го правите.

Немојте да ги користите сопствените примери кога се обидувате да инспирирате некого. Со ова луѓето ќе мислат дека сакате да се фалите пред другите. Споделите ги вашите искуства само доколку некој го побара тоа од вас.

Останете емотивно силни. Луѓето околу вас не смеат да забележат дека сте вознемирени или лути. Тие стануваат нервозни кога се соочуваат со проблеми или тешки задачи. Вие треба да останете смирени и да покажете дека ја контролирате ситуацијата, бидејќи доколку вие не можете да се справите со притисокот, тие сигурно нема.

Давајте надеж. Надежта е најважното нешто за инспирирање на луѓето. Тие мора да мислат дека постои одредена цел, решение на проблемот, награда за подвигот со кој ќе се соочат. Треба да имаат надеж дека ќе успеат, бидејќи без надеж не постои мотивација.

Бидете пример. Најдобар начин да ги инспирирате луѓето да работат повеќе е да им бидете пример. Кога ќе имате можност преземете повеќе работа отколку што треба. Со тоа ќе ги инспирирате да го следат вашиот пример.

Направете ги горди. Доколку луѓето се гордеат со она што го прават, поголеми се шансите да работат напорно и да стремат кон совршенството.

Прочитај

Wall Street

Понекогаш пандемија, здодевност и премногу слободно време, можат да донесат луди идеи… Ова е точно случајот со златарникот од Мичиген, Џони Пери, чија продавница...

Green Tea

Ние ви споделуваме листа на пет видови на лекови кои дефинитивно треба да ги имате со вас на одмор во случај на најчести летни...

Route 66

Кога станува збор за транспортните средства, Џејмс Бонд е најпознат по неговиот вкус поврзан со автомобилите… Меѓутоа, ако компанијата Триумф праша нешто, моторите би...

Route 66

Bugatti Chiron е вистинско инженерско чудо што покажува што може да се постигне кога автомобилскиот инженеринг се движи кон апсолутна граница. Речиси секоја компонента...