• Сподели на:

Дали сакате да дознаете кој тип е вашиот шеф

___

Дали сакате да дознаете кој тип е вашиот шеф и како најдобро да се справите со него?

1. Рассеан шеф
Хаосот е како на неговото биро, така и во неговата глава. Постојано за нешто реорганизира, преправа и менува. Се одликува со исклучителна тврдоглавост. За жал, правило е и доста штедлив – никогаш нема да ви ја зголеми платата без да има навистина голема и оправдана причина.
Како да дејствувате? Останете мирни и добро организирани – еден рассеан човек во канцеларијата е доволен. Бидете точни, прецизни и јасни, не зборувајте заобиколено туку определено и јасно.
2. Материјален шеф
Ако сте навистина работливи, не е лошо токму тој да ви е шеф – секогаш ги унапредува своите службеници според нивниот успех, а не по личните симпатии. Ќе го препознаете лесно – сака факти, точност, концизни разговори и јасни односи.
Како да дејствувате? Како поинаку освен со факти? Формулирајте ги прашањата и објаснувањата точно и јасно, заборавете на долгите објаснувања. Само така ќе го придобиете на своја страна.
3. Театрален шеф
Лесен е за препознавање – овој тип шеф сака театарски гестови и сака да биде забележан. Тој е креативен, спокоен и пријатен се додека не се појави проблем. се случи ли тоа, веднаш почнува да бара жртва врз која ќе ја префрли вината.
Како да дејствувате? Постојано посветувајте му внимание, тој има потреба од публика. Секогаш се интересира што е ново и што се случува околу него и работата, но внимавајте да останете дипломатски и благо дистанцирани.
4. Депресивен шеф
Не може да го поднесе стресот, така што често е опкружен со помирни и избалансирани службеници. Ако се појави тензија во работата, веднаш ќе западне во депресија. Не е многу храбар ниту пак креативен, бидејќи едноставно се плаши од неуспехот.
Како да дејствувате? Најнапред мирно. Ако тој западне во депресија, вие немате право на грешка. Дајте му храброст и се ќе биде во ред.
5. Инфатилен шеф
Сака да дискутира, да дебатира, да советува, но се појави ли вистински проблем – едноставно ви го префрла на вам. Кафето го пие само со млеко, често прави детски гримаси и се однесува како дете, ништо чудно некаде во фиоките на бирото да има кадифена играчка.
Како да дејствувате? Овде само може да се каже – држете се добро и бидете послушни за да стигнете далеку. Толкувајте го како што сакате….
6. Хаотичен шеф
Тој има многу слични карактеристики со првиот тип – рассеан шеф. Разликата е што хаотичниот шеф е многу полоша опција. Не само што не умее да дели задачи, но и често заборава да информира за одредени и важни нешта од кои зависи работата.
Како да дејствувате? Ако разговарате со него за дати и рокови, ќе забележите дека во главата има бркотница. Најдобро е да му направите листа со најважните настани, и направете повеќе копии, бидејќи сигурно ќе ја изгуби неколку пати. Обидете се да го контролирате неприметно, без тој да забележи.
7. Шеф – интригант
Тој е човек на расположенијата. Сака да си игра со луѓето, постојано испитувајќи ја нивната работливост и лојалност. Постојано бара нови жртви.
Како да дејствувате? Сочувајте ги сите дописки и воопшто сите податоци и материјали поврзани со работата. Така ќе имате докази во случај на проблем. Во никој случај не му возвраќајте со сплетки.
8. Мрзелив шеф
Овој шеф има една голема позитивна карактеристика – речиси никогаш нема да го видите на работа. Цело утро е на состаноци со важни клиенти, попладне се врти малку на работа, а потоа излегува на ручек и не се враќа. Единствениот недостаток е дека целата негова работа треба да ја завршите вие.
Како да дејствувате? Обидете се со љубезен тон да му кажете дека без него работата едноставно не оди.
 
9. Патријахален шеф
Точен, прецизен, секогаш на работното место – од утро до вечер. Речиси никогаш не е болен. Вработените често го сметаат за здодевен.
Како да дејствувате? Бидете точни, прецизни и лојални. Тоа е доволно.
10. Шеф – фраер
Секогаш е расположен, насмеан често се фали, и има пријателски однос. Но сепак знајте дека овој тип е и добар актер, затоа имајте на ум само едно.
Како да дејствувате? Секогаш бидете на штрек.
11. Нарцисоиден шеф
Ако го прашате кој е најубавиот и напаметниот човек на светот, тој без двоумење ќе одговори: “Јас“. Опериран е од само критичност, а во критични ситуации секогаш ја префрла вината на другите.
Како да дејствувате? Умилкувајте му се. Со суетен и самобеднисан шеф, тоа е единственото решение.

Оставете коментар

___