Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

7 типови луѓе кои го прават животот на работното место неподнослив

1. Зборувачот

Овие луѓе едноставно не знаат да замолчат. Вие можете да се обидувате да ги игнорирате, да станете од вашето место додека не решат да замолчат или да ставите слушалки со гласна музика. И сето ова нема да ги одврати од нивната намера да зборуваат. Сосема е нормално да направите неколку кратки разговори во текот на денот за да ги раскажете случките од долгиот викенд или пак да споделите некоја новост, но овие луѓе едноставно работното место го претвораат во нивно стенд-ап шоу. Следното што знаете е дека дошол крајот на работното време, а вие не сте сработиле ништо.

2. Осамениот

Дали овие луѓе воопшто постојат? Можеби ќе ги забележите како влегуваат во кујната или за момент ќе го видите нивниот одраз во огледалото додека излегуваат од тоалетот, но нема сигурен доказ за нивното присуство. Не можете ни да се сетите на нивното презиме за да им испратите имејл. Овие луѓе се дел од тим во вашиот сектор, но од кој тим поточно? Внимавајте да не останувате во канцеларија до доцна бидејќи тој или таа веројатно ќе бидат таму и ненамерно ќе ве извадат од памет.

3. Гурманот

Ако сакате да се здебелите десет килограми во следниот месец, тогаш дружете се со овие луѓе. Тие имаат фиока полна со чоколади и други слатки задоволства и секогаш кога ќе поминете покрај нивното биро тие џвакаат нешто. Овие луѓе ќе го искористат секој момент да прошетаат низ бироата и на останатите вработени да им понудат нешто за јадење, а „жртвите“ поради тоа што се премногу внесени во работата не забележуваат ни што прифатиле.

4. Заспаниот

Едно од најлошите нешта кога работите е тоа што мора да станувате рано секој ден. Се чувствувате збунето и флегматично додека притискате по тастатурата, а очите полека ви се затвараат и целосно заборавате што сте работеле во изминатиот час. Но, овие луѓе не го прифаќаат хроничниот замор како дел од нивното секојдневие, туку најчесто се оптегнати на 20-годишниот кауч во собата за пауза и не стануваат по никоја цена.

5. Агресорот

Кога последен пат сте одговориле на имејл со изјавата „Јас знам како да ја извршувам својата работа“? Повеќето би рекле никогаш, но секогаш постојат одреден број луѓе кои агресивно пристапуваат кон проблемите и предизвиците. За несреќа, секој од нас барем еднаш ќе наиде на ваков колега. Тие секогаш ќе мислат дека нивниот придонес кон работата е далеку посупериорен од нашиот.

6. Жртвата

Никој никогаш не им помогнал на овие луѓе во работата. Тие не можат да ги завршат обврските на време. Но, ова не е поради тоа што имале повеќе задачи отколку што можат да поднесат, туку затоа што самите задачи си имале доста недостатоци. Овие луѓе се отсутни секој петок и понеделник затоа што нивните роднине биле болни. Тие ги лутат вредните работници, а поради нив мрзливите стануваат агресивни.

7. Социјалниот борец

Овие луѓе се гласот на слабите и угнетените, но најчесто се борат за нивната опсесивно компулсивна потреба да бидат во центарот на вниманието. Tие го сокриваат своето незадоволство од неизмиените чинии, оставени во мијалникот во кујната, или расфрланата хартија насекаде, со анонимни пораки закачени на ѕидот. Сите знаат кој ги напишал, но никој нема гласно да каже бидејќи веднаш ќе се појават нови пораки.

И секако, тука сме ние останатите. Ние сме набљудувачи на сѐ што се случува и уживаме во хуморот, неуспесите и успесите на тие околу нас како што би уживала публиката во драмските трагедии.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement