Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

5 начини како да се справите со љубопитните душкала на работното место

young woman handing a file to a male co worker sitting at his desk

Доколку работната атмосфера ви ја влошува упорен љубопитен колега, спречете го неговото „душкање“ во вашата приватност со помош на следниве совети:

1. Одржувајте пристојна оддалеченост

Едноставно дистанцирајте се од душкалата на работното место, колку и да изгледа тоа како невозможна мисија. Ограничете го разговорот на површни теми и куси одговори, не навлегувајќи во никакви детали поврзани со вашата приватност. Можеби најсигурно е темата на разговор најчесто да биде токму работата или пак разговарајте на неутрални теми кои немаат скоро никакви допирни точки со вашите животи.

2. Не го разгорувајте нивното љубопитство

Ограничете ги информациите за личниот живот кои ги споделувате. Доколку ве очекува семејна веселба, за почеток одлучете се кој од вашите колеги планирате да го поканите како ваш гостин. Што се однесува до останатите, не ги поттикнувајте со половични информации кои само ќе им ја разгорат жедта за дополнителни детали.

Не си правите себеси услуга доколку работното утро го започнете со реченицата „Леле, да знаете што ми се случи вчера…“, а потоа си го прекасате јазикот. Бидете внимателни, бидејќи вие сте оние кои диктираат што и колку од вашиот живот ќе споделите со колегите.

3. Културно одбијте ги

Дел од љубопитните душкала ќе се обидат да ви се доближат не само за време на работните часови, туку и преку различни пријателски покани за пиење кафе или излегување.

Меѓусебната дружба претставува најлесен начин за доближување до некого и црпење информации од неговиот приватен живот.

Културно одбијте ги со изговор дека немате време, се брзате, не се чувствувате баш најдобро или веќе имате други планови. Доколку ви пристапат со понуда за помош околу некоја работна задача, а чувствувате дека тоа е поттикнато исклучиво од љубопитство кон вас, едноставно возвратете: „Ќе те побарам доколку имам потреба“. На тој начин ќе им ставите до знаење дека не сте расположени за детално сецирање на вашата приватност.

4. Игнорирајте ги

Некои луѓе навистина не знаат да читаат помеѓу редови или упорно се преправаат дека не ги забележуваат знаците кои им ги испраќате. Едноставно преправајте се дека не ги слушате прашањата поврзани со вашиот викенд. Задлабочете се во работата и не го губете фокусот. Надежно е дека наскоро интересот ќе им спласне откако целосно ќе ги игнорирате нивните прашања, без да понудите каков било одговор.

5. Храбро соочете се

Упорните душкала ќе продолжат да се врткаат околу вашата приватност со дрски прашања, а вие бидете подготвени да понудите лукави и безмилосни одговори доколку сакате побрзо да го решите проблемот.

Така на прашањето „Колкава е твојата плата?“ можете да одговорите лесно и со насмевка:„Заработувам сосема доволно, благодарам“.

 

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Uncategorized

Првото провокативно видео! Рускиот супермодел во долна облека Savage x Fenty! Во улога на деловна жена, Ријана одлета на модниот Олимп толку брзо како...

Fine Living

Тој нема искрени намери! Колку пати не ви било јасно дали мажот што го сакате не е доволно заинтересиран или едноставно нема доволно време...

Fool Moon

Само не оние што веројатно прво ви паднаа на памет! Научниците открија дека нашите гени играат улога во изборот на нашите партнери и оние...

Fine Living

Откако ќе го запознаете вистинскиот, многу работи никогаш нема да бидат исти … Љубовта не вреди ако е стресна. Ако веќе неколку пати сте...