Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

4 принципи со кои ќе ја добиете почитта на работното место

Авторитетот е нешто што се гради долги години, а потребен е само миг да биде срушен. Покрај другите карактеристики, добриот вработен се одликува и со добар авторитет. Па, секој од нас соочувајќи се со одредени потешкотии, во одреден период си го поставил прашањето: Како да ја привлечам почитта на нашите партнери, колеги или пак претпоставени?

Погледнете ги неколкуте начини коишто ќе ви помогнат при освојување на почитта.

1. Вашата облека го потврдува вашиот кредибилитет

Иако честопати сме ја среќавале изреката дека „не се суди по изгледот“, сепак, стилистите посочуваат дека стилот на облекување има доста големо влијание на првиот впечаток, особено кога станува збор за интервју за работа, бизнис-средби и сл. Всушност, кога облеката одговара со околината во којашто се дејствува, половина од почитта е добиена.

2. Позитивен став и однесување

Доколку вашата облека ве изневери, тогаш вашиот став и однесување може да кажат многу за вас. Секако дека не одговара да бидете позитивни во секоја ситуација, но за да се добие посакуваната почит потребно е да останете љубезни во секое време, со што на клиентот ќе му ја покажете вашата стрпливост, а со тоа и вашата заинтересираност за соработка.

3. Исполнете ги обврските коишто сте ги ветиле

„Ќе видиме“, „Како сакаш…“ – Доколку сакате да бидете почитувани, потребно е да ги избегнувате овие одговори колку што е можно повеќе. Всушност, тие ве прикажуваат како несигурни, нестабилни и некомпетентни, што секако не ви е од корист. Во овој контекст, потребно е да ја запаметите следнава заповед: „Треба да го кажувате она што го правите и да го правите она што го кажувате“. Ова е од суштинско значење за да се добие довербата и почитта од другите.

4. Бидете точни

Друга заповед којашто треба да ја имате предвид е: придржувајте се кон вашите ветувања. Ненавременото пристигнување на состаноци, доцнењето на работа и постојаното одложување на обврските се едни од најголемите непријатели на вашиот авторитет. За да бидете почитувани, останете верни на своите обврски.

 

Прочитај

Fool Moon

Tesla е име кое инспирира многумина… Нивниот славен Cybertruck речиси се најде во улога на муза за модифицираната верзија на iPhsone кој е потпишан...

Fine Living

Принцевите живеат во палати и тоа е општо позната работа… Сепак, земјата и воздухот во нивниот случај можат да се поистоветат, бидејќи принцевите успеваат...

Cotton Club

Поврзувајќи се повторно за својата втора соработка, Bamford Watch Department и Badgerworks, повторно одбраа TAG Heuer Carrera модел како свое платно… Овој пат, се...

Route 66

Нема зборови кои можат да ја опишат убавината на оваа добро позната британска икона произведена во 1966 година. Реставрацијата е внимателно изведена од страна...