Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

3 секојдневни навики на продуктивните луѓе

Успешните луѓе знаат дека е многу важно да останат продуктивни, па затоа се трудат да изградат секојдневни навики кои ќе им помогнат да ги организираат своите денови и што подобро да го искористат расположливото време.

Можеби вам ќе ви изгледаат како неважни, но ако почнете со време да ги практикувате, бидете сигурни дека вашата продуктивност ќе се зголеми, а резултатите кои ги остварувате ќе стануваат сѐ подобри.

Ова се трите најмоќни навики на продуктивните луѓе:

1. Кој рано рани, две среќи граби

Легнувањето пред полноќ и будењето во 6, 7 наутро е многу подобро отколку заспивањето во 3 и будењето на пладне. Луѓето кои легнуваат и стануваат рано функционираат подобро во текот на денот.

Станувањето рано наутро е една од најдобрите стратегии за одржување на продуктивноста, а луѓето кои рано легнуваат и стануваат се поведри, брзи и имаат повеќе енергија.


2. Секој ден е нов почеток

Ако денот го започнете со јасна цел пред себе, ќе бидете повеќе продуктивни. Ако секој ден кога се будите ве чекаат по неколку мејлови и пораки, секако дека нема да можете да се сконцентрирате, бидејќи истите тие ќе ви го одземаат вниманието од важните работите.

Најдобро е да одвоите неколку минути за медитација или да си ја пуштите омилената плеј листа. За тоа време размислете што ви е приоритет тој ден, а подоцна сконцентрирајте се на него.

3. Во здраво тело, здрав дух

Со вежбањето го одржувате физичкото, но и емотивното здравје. Ако се чувствувате добро заради својот изглед, сѐ ќе ви оди од рака. Тренирањето може да биде добра утеха, но и вентил преку кој ќе ја исфрлите целата негативна енергија.

Запишете се во најблискиот фитнес центар, вежбајте пилатес или аеробик, а ако воопшто не сакате таков тип на вежбање, тогаш посетувајте курсеви по танц или зумба кои исто така ќе ви помогнат да имате одлично тело и супер здравје.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement