Веројатно со недели се обидувавте да ги решавате различните улоги што ги имате во вашиот дом – улогата на родител, учител, вработен.
Ако и вие, како и повеќето родители кои работат од дома, дојдовте до момент да во текот на вечерта со вино плачете и се прашувате колку долго можете да ја издржите оваа лудост, време е за поинаков пристап.
Проверете шест интересни совети што ќе го направат работењето од дома со вашите деца помалку стресно.
1. Опуштете го распоредот
Претпоставуваме дека направивте уреден, точен и комплетен распоред, успеавте да се држите до него во првите 25 минути, а потоа сè тргна наопаку, и вие веќе седите со своето дете на подот и си играте.
Строгиот распоред создава дополнителен стрес и притисок во веќе тешка ситуација. Дозволете си на себе, но и за децата, да бидете опуштени, на тој начун ќе добиете поголема енергија и волја да се посветите на работната задача.
2. Научете да делегирате, дури и со помлади деца
Поставувањето граници со постарите деца може навистина да успее, меѓутоа, да објасните на помладите од 10 до 1 дека треба да бидете во „канцеларија“, веројатно нема да има вистинска реакција. За да не се соочите со врисоци, излив на бес и солзи, научете да ги делегирате.
Кога имате важна работа што треба да направите без пречки, скријте ги лего-коцките во домот и оставете го вашето дете да ги најде сите. Тоа ќе ви даде време. Постарите деца можат да сообираат шишарки во дворот и да си играат и да ви дадат простор за работа. Можете исто така да ги ангажирате децата како асистенти од кои се бара нешто да нацртаат за половина час. Ако им поставите тајмери, ќе им биде позабавно и ќе се посветат посериозно.
Ако партнерот не работи, тогаш ситуацијата е секако многу полесна, бидејќи тој или таа можат да бидат со децата додека сте на работа.
3. Испратете ги на виртуелни патувања
Многу музеи и зоолошки градини ви даваат можност да понесете виртуелна турнеја, така да имате можност да извлечете максимум од вашите екрани. Да, тие можат да стигнат до Лувр, различни делови низ целиот свет, па дури и на Марс.
4. Бонуси
Што е работа без бонус? Доколку ви е потребно ефикасно работно време, добро е да се свртите кон очајните мерки и да ветите час за сладолед. Да, ако тие се добри и мирни за периодот што ви одговара, тогаш следи, да речеме, бонус час за сладолед.
5. Добредојдовте во канцеларија во бања
Ако децата обожаваат бањи, искористете го тоа време, барем десет минути, за да направите нешто корисно. Овој пат, оставете ги да се брчкаат малку подолго, нема ништо лошо во тоа.
6. Пофалете се себе си
Да, понекогаш ова, покрај сè што направивте во текот на денот, навистина значи многу. Да се работи од дома со децата околу вас е навистина тешко, вие заслужувате да се наградите со титулата – работник на месецот.

You must be logged in to post a comment Login