Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Преку говорот на телото до деловен успех

Постојат тајни трикови за напредување на работа – а тое не се прекувременти часови, дополнителните проекти, па дури ни правите зборови во право време. Се предавате? Тајната е во тоа како се движите. Може да го користите говорот на телото за да ја насочите ситуацијата онака како што вие сакате, а другите да не бидат ни свесни за тоа.

 

„Суптилните промени во вашето држење можат да испратат потсвесна порака на луќето околу вас“, вели експертот за говорот на телото Џанин Драјвер, авторка на насловот “You Say More Than You Think”. Џанин, која повеќе децении ги обучувала припадниците на американските сили на законот да го читаат говорот на телото, открива потези кои ќе ви дадат острина.

 

1. Надминете ја грешката

Во ред, сте згрешиле. Ако сакате да спречите експлозија од емоции на вашиот претпоставен, застанете малку настрана пред него, на оддалеченост од околу половина метар. Ова е мирољубив став чија последица е тоа што тој ќе посака да помине преку вашиот пропуст. Зајакнете ја својата позиција така што ќе кажете: „Ова никогаш нема да се повтори“.

 

2. Победете ги негативците од канцеларија

Обратете им се директно (не ја наведнувајте главата, бидејќи тоа значи дека барате одобрување) и подигнете ја брадата за околу 5 сантиметри. Ќе зрачите со самодоверба бидејќи ги гледате од висина. Користете оттргнувачки гест со раката, така што дланката ќе ви биде свртена надолу, покажувајќи дека вие ја имате контролата и дека не паѓате на нивните глупости.

 

3. Надмудрете ги колегите кои се натпреварувачки настроени

Додека разговарате со нив, испружете ја раката пред нивната маса. На овој начин испраѓате порака на несвесно ниво дека сакате да завземете дел од нивната територија. Допирајќи го нивниот простор, вие се претставувате како алфа колега и порачувате дека можете и ќе го добиете она што го сакате.

 

4. Нека ви велат сите ДА

За да ги наведете колегите да се согласат да ви направат услуга, користете ја техниката со која се служат полициските службеници при испрашување, гестикулирајте со едната подигната дланка. Потоа, ставете ја раката на срцето додека го изговарате своето барање, порачувајќи дека е кажано „од срце“. За да го запечатите договорт, застанете неколку секунди пред да ги кажете клучните зборови, да речеме: „Знам дека сите сме зафатени, но дали би можела (пауза) да је превземеш мојата смена?“. Таа кратка пауза суптилно ја заокружува вашата изјава како потсвесна команда, наведувајќи ги да кажат да.

 

5. Бидете сјајни на состанокот

Изберете место во близина на својот шеф (на тој начин тој ќе почувствува поголема повраност со вас). Седнете на првата третина од делот за седење на столицата бидејќи така ќе делувате дека имате контрола и дека сте актвино вклучени во проектот. Овој психолошки изум ќе го наведе во својата глава да ве поврзе вам со работата и со себе, па така ќе имате поголеми шанси да се согласи со вас.

 

6. Замолчете го непријатниот колега

Продолжете да гледате во она што го работите додека тие разговараат, а со рацете направете гест кој е познат како револвер во рацете (прекрстете ги сите прсти, освен показалецот кој ја претставува замислената цевка на револверот). Доближете ја цевката до своите усни и така суптилно ќе ставите до знаење дека вие не сакате да разговарате. Ако тие и понатаму не ја разбираат вашата порака, целете кон нив додека им кажувате нешто неутрално, да речеме: „Навистина имам многу работа“.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement