Замислете дека седите во канцеларија и го чекате шефот со кој би требало да разговарате за плата. Вие мислите дека заслужувате покачување, бидејќи имате причина за тоа благодарение на напорната работа. Е сега замислете ја истата ситуација, само овој пат се залагате за некој друг. Дали веќе почувствувате големо олеснување поради тоа?
А жените им е далеку полесно да се залагаат за други
ЖЕНИТЕ ТЕШКО СЕ ЗАЛАГААТ ЗА СЕБЕ
Како што тврди Хана Рајли, професорка на Универзитетот Харвард, не сте единствени.
– Жените многу подобро преговараат за други отколку за себе. Тоа има врска со друштвените стереотипи, бидејќи сакаме да ги доживуваме жените како големи мајки кои се залагаат за интересите на другите и за нивната блгосостојба. Сето тоа се вклопува во феминистичкиот идеал – вели Хана.
Нејзините истражувања покажуваат дека кога жените се залагаат за себе, тие добиваат многу поинаква повратна информација од мажите. Двата пола кога се залагаат за себе, поради тоа што се во позиција да бараат нешто се помалку допадливи, но жените се тие кои плаќаат многу повисока цена за тој недостаток на допадливост. Хана ја зема како пример следнава ситуација: на половина студенти им чита писмо на жена која бара покачување на платата, а потоа на другата половина студенти им го чита истото писмо, но им вели дека е напишано од маж. Резултат? Студентите мислеле дека писмото на мажот е сосема во ред, а другата половина сметале дека жената која го напишала писмото е доста иритантна и рекле дека никогаш не би сакале да работат со неа, ниту пак би и дале покачување.
Еве како да научите да се залагате за себе и притоа да го добиете она што го сакате:
1) БИДЕТЕ ОНА ШТО СТЕ
Жените мора да научат да бидат искрени кон себе. Тоа можеби не е едноставно, но ако се фатите себеси како лажете и однапред смислувате што ќе кажете некому, тогаш тоа не е она што вие навистина сте. Затоа научете да го говорите она што навистина го мислите.
2) ЗАПОЗНАВАЈТЕ ЛУЃЕ
Подобрете ги своите преговарачки способности преку познанства со други. Мора да знаете луѓе и да ја ширите својата мрежа на познаници за да имате некако вид на поддршка за себе. Луѓето можат да влијаат на вас, можат да кажат по некој добар збор за вас, можат да ве поддржат и да ве поттикнат на работа. Колку што повеќе луѓе знаете и разговарате со нив, толку ќе бидете послободни и поотворени кога ќе се залагате за себе.
3) МИСЛЕТЕ НА СЕБЕ, НО НЕ ИСТАКНУВАЈТЕ СЕ ВО ПРВ ПЛАН
Важно е себеси да се ставите на прво место и да се залагате за себе, но во прилика на преговарање, не смеете тоа да го истакнувате премногу. Не истакнувајте дека баш ВИЕ го заслужувате тоа и дека ВИЕ го сакате тоа. На личноста со која разговарате мора да и создадете слика дека она што го барате ќе има позитивен ефект и на неа, како и дека ја разбирате нејзината точка на гледиште.

You must be logged in to post a comment Login