Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Lockheed 1329 JetStar на Елвис Присли од 1962 година конечно е продаден на аукцијата„Mecum Kissimmee Collector Car“ во Флорида…

Аукцијата се одржа на роденденот на кралот на рокенролот, а се појави и на Елвис поранешната сопруга Присила Присли.„Елвис сакаше авиони и ова беше еден од нив. Ова е мојата прва аукција и возбудена сум што сум овде. Денеска ќе му беше 88 роденден на Елвис“, рече Присила Присли на аукцијата.

Наддавањето започна од 100.000 долари, скокна на 150.000 долари, но запре на 200.000 долари. По многу убедување, цената достигна 240.000 долари, а потоа конечно дојдоа 260.000 долари од купувачот кој го купил авионот преку телефон.

Да потсетиме, 61-годишниот авион моментално е паркиран во пустина во Ново Мексико, каде што е надвор речиси 40 години.

Четири мотори и повеќето негови инструменти беа отстранети пред неколку години, така што авионот не лета никаде. Транспортот на авионот ќе бара многу расклопување, но како што аукционерот им кажа на толпата пред да започне наддавањето, „Ова е неверојатна можност за реставрација и за личност која сака да создаде изложба на Елвис за светот да ужива“.

Елвис го купи црвено-сребрениот JetStar во 1976 година, една година пред неговата смрт, за 840.000 долари (околу 4,4 милиони долари денес). Со простор за девет патници и тројца членови на екипажот, авионот имал максимална брзина од 909 km/h со домет од околу 4.023 km.

И покрај избледената од сонце надворешност,внатрешноста е во одлична состојба. Во вистински рокенрол стил, авионот има црвен кадифен тапацир, црвен тепих и златни детали.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement