Припадничките на понежниот пол ширум светот работат и до 50% повеќе неплатени работи, како што се домашните обврски и грижата за децата, а водачки во презафатеност се Италијанките.
Жените глобално се погрижливи од мажите, па така просечно работат и до два и пол часа повеќе, платени или неплатени работи, наспроти мажите, покажало истражувањето на Организацијата за економска кооперација и равој (OECD) во која учествувале 34 земји.
Бројките варираат од земја до земја, на пример Италијанките работат дури 11 часа повеќе од своите партнери, додека во Финска, Шведска, германија и Словенија таа разлика е помала, пишува “Think Progress”.
Иако сè повеќе време поминуваат на платени работни места, вкупно еден час повеќе на неделно ниво, во домашни обврски поминуваат 2,6 часа помалку во споредба со податоците од 2003 година. Мажите пак денес, на работното место поминуваат 4,5 часа помалку, а во домашните обврски два часа повеќе отколку пред десет години.
Количината на неплатената работа се зголемува по добивањето деца, а најголемиот дел од товарот паѓа на мајката, која има три часа помалку слободно време неделно од мажите, кажуваат научниците. Тие сметаат дека тоа е доказ за полова разлика, која наспроти бројните промени и натаму постои во човековото општество.

You must be logged in to post a comment Login