Дали ви се случило, наутро кога ќе заѕвони алармот, да посакате да не мора да се подготвувате за на работа, туку да можете сè да сработите од дома? Размислете уште еднаш. Кога канцеларијата ви е дома, покрај работата која ја имате, ве чекаат и уште низа други должности.
Погледнете ги резултатите од едно интересно истражување и сами проценете кои се предностите, а кои се мааните на работата од дома. Анкетата ја спровела една британска компанија Ecigarettedirect, која се занимава со продажба на електронски цигари.
Вака изгледа работата од дома:
Лицето кое работи од дома ретко кога облекува нешто друго, освен пижами.
20% од испитаницте признаваат дека работат голи
80% од лицата додека работат истовремено гледаат и телевизија
70% од нив, покрај работата, обавуваат и други домашни обврски
20% од луѓето кои работат од дома, и во текот на сексот се јавуваат на телефон
Поединци и вежбаат додека работат
Третина стигнуваат и да пазарат
15% од лицата кои работат од дома пушат

You must be logged in to post a comment Login