Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Четири правила за користење мобилен телефон на состанок

Просечно лице го проверува својот телефон повеќе од 100 пати во текот на денот, покажуваат последите истражувања. Но кога сте на состанок, кога и како да го користите?

 

Професорот по биохејвиорална наука на Унизверзитетот Стенфорд, Томас Г. Плант, дал неколку правила кои мора да ги знаете при користење на мобилниот телефон.

 

1. Луѓето се поважни од телефонот

Кога сте во друштво, а особено кога сте на некој важен деловен состанок, телефонот секогаш е на второ место. Нема полоша работа од тоа да разговарате со некој кој цело време го проверува својот телефон.

 

2. Прашајте пред да се јавите

Кога ситуацијата е итна, и примате повик кој никако не можете да го одбиете или одложите за подоцна или примате порака, мејл кој мора веднаш да го прочитате, тогаш прашајте. Секогаш прашувајте го соговорникот дали му пречи накратко да го погледнете телефонот и извинете се. Тоа ќе остави многу добар впечаток!

 

3. Не дозволувајте луѓето да ве чекаат

Не ги нервирајте колегите и соработниците така што ќе ги оставите да ве чекаат да завршите со телефонирање пред да им се обратите или пред да им одговорите.

 

4. Немојте да мултитаскирате

Когнитивната наука и онака кажува дека тоа е невозможно. Вие не правите повеќе работи во исто време, туку своето внимание брзо го префрлувате од една задача на друга. Вие всушност, ако го проверувате својот телефон, не го слушате соговорникот, и обратно. Односно, во еден момент сте сконцентрирани на телефонот, а во друг на приказната. Доколку бисете љубезни и покажете почит кон другите, ќе бидете едни од ретките кои правилно ги употребуваат мобилните телефони во друштво!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement