Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

6 навики кои го саботираат вашиот успех: Како да ги воочите и да ги промените

Сите ние понекогаш имаме лоши навики, но многу луѓе на крајот ги совладуваат и ги балансираат, па така тие навики кратко се задржуваат во нивниот живот. Без рзалика на тоа колку ви е тежок животот и какви предизвици стојат пред вас, можете да се стремите кон решавање на овие проблеми и да бидете смирени и подобри за себе и за другите

Не прифаќајте сè лично и не бидете опседнати со негативни мисли

Овие шест навики треба што поскоро да ги искорените:

 

1) СÈ ПРИФАЌАТЕ ЛИЧНО

Луѓето кои сметаат дека сè што им се кажува е навреда насочена лично кон нив, немаат убав живот. Она што луѓето го кажуваат говори многу повеќе за нив отколку за вас. Реакциите на тие луѓе се вообличени со нивниот поглед на работите и вие и вашето однесување можеби воопшто не сте влијаеле на тоа. Не треба секој пат тоа да го игнорирате, но не треба ни секој пат да се разочарувате и да се растажувате. Односно, не прифаќајте сè лично.

 

2) ОПСЕДНАТОСТ СО НЕГАТИВНИ МИСЛИ

Не е лесно да се биде во друштво на луѓе кои се постојано опседнати со негативност – кои мислат и зборуваат за лоши работи кои се случиле или може да се случат. Овие луѓе тврдоглаво одбиваат да ја видат позитивната страна на нешто. Песимизмот е една работа, но константно држење до негативни мисли е нешто сосема друго. Ако гледате само негативно и мислите дека сè е против вас, нема далеку да дотуркате, па најдобро е од корен да го промените таквото однесување.

 

3) СЕ ДОЖИВУВАТЕ СЕБЕСИ КАКО ЖРТВА

Уште една токсична навика е постојаното самосожалување и претворањето себеси во жртва. Ако вреувате дека сте жртва и дека немате моќ да управувате со својот живот и да влијаете на неговиот тек, ќе мора да соберете храброст да ја свртите ситуацијата и да стекнете контрола над сопствениот живот. Кога ќе престанете да се жалите, ќе сфатите дека вашиот живот зависи само од вас. Профатете ја реалноста и храбро управувајте го својот живот.

 

4) СУРОВОСТ – НЕДОСТАТОК НА ЕМПАТИЈА

Ова е едно од најштетните однесувања, Секој ден се среќаваме со суровост и недостаток на сочувство, но ретко кој се запрашува колку штети им нанесува на другите таквото однесување. Ако се фатите себеси како сте сурови кон некого, како му работите некому зад грб или свесно му наштетувате со своето однесување, престанете. Најдете сочувство во себеси и разберете дека сите сме луѓе и сите сме еднакви.

 

5) ПРЕТЕРАНИ РЕАКЦИИ

Неможноста за контрола на емоциите е штетна за сите околу вас. Сите знаеме луѓе кои експлодираат поради ситници. Викање, вриштење и фрлање работи затоа што нешто не е на свое место или затоа што некој задоцнил 5 минути? Ако имате претерани реакции од овј тип, вам ви треба помош од стручно лице кое ќе ви помогне да стекнете контрола над своите емоции и ќе разберете што се крие во нивниот корен..

 

6) ПОТРЕБА ЗА ПОСТОЈАНО ПОТВРДУВАЊЕ

Луѓето на кои постојано им е потребна потврда од другите  заради поголема самодоверба и луѓето кои само со туѓите пофалби го мерат својот труд, за многумина се напорни. Мажите и жените кои имаат потреба повторно и повторно да ја докаѓуваат својата вредност и постојано сакаат да бидат подобри од другите, не се пријатно друштво. Опуштете се и немојте да бидете оптоварени со успехот и со тоа што мислат другите за вас. Мислете убаво сами за себе – тоа ќе ви биде сосема доволно.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement