Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Сотир Лукровски за градоначалник на „Карпош на две тркала“!

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно.

Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од улиците до училиштата, од младите до возрасните.Јас, Сотир Лукровски татко на три деца, верувам дека општество во кое младите заминуваат нема иднина. Ако не создадеме услови тие да останат овде, за неколку години ќе се прашуваме каде сме згрешиле. За да не дојде до тоа, мора да ги слушнеме младите – нивните потреби, нивните идеи и нивната желба за слобода и слободно движење.
А слободата и слободното движење започнуваат со безбедност. Ај да бидеме искрени денес, во Карпош тој фактор недостига. Во моите колумни и интервјуа често го повторувам истото:
Мојата визија е Карпош да стане општина на две тркала. Безбедна, модерна и пријателска за велосипедисти, пешаци и млади луѓе.

Што значи тоа во пракса? Секоја улица што е под надлежност на општината ќе има обележана велосипедска патека. На прометните улици – како Разловечко востание, Волгоградска во Карпош 4, Џумајска и Јуриј Гагарин во Козле, Франц Прешерн во Влае , како ред вакви улици каде фреквенцијата на возила е поголема по останатите населби, ќе се постават заштитни столбчиња што физички ќе ги одвојат велосипедистите и тротинетите од автомобилите и пешаците  

Споредните  пак улици поврзани со гореспоменатите ќе бидат јасно обележани со отпорна боја, за велосипедистите секогаш да имаат сигурна рута и да се чувствуваат безбедно во возењето.

Велосипедските патеки, како и сите улици, ќе имаат редовна хоризонтална и вертикална сигнализација,  со редовно оджување и  обновување секоја година. Тоа не е луксуз, тоа е стандард на безбедност што Карпош го заслужува.

„Карпош на две тркала“ е проект што може да се реализира за 12 месеци. Ова не е скап, ниту тежок проект. Напротив – тоа е лесен и остварлив план, затоа што Карпош веќе го има најважното: потенцијалот, луѓето и желбата за подобар живот. Му недостига само правилна инфраструктурата, вистинските решенија и човек што знае како.

Со мала организација, транспарентност и соработка со граѓаните, за една година Карпош може да стане пример – општина каде што велосипедот не е само превоз, туку дел од културата на живеење.

Велосипедот e симбол на здрав, слободен и современ живот.   Видете ја Холандија и животниот век на холанѓаните. Велосипедот не е само транспортно средство. Тој е начин на размислување – избор за здравје, одговорност и почит кон средината и околината. Со развој на велосипедската култура, допинесуваме за почист воздух, помалку сообраќаен метеж и повеќе насмевки на граѓаните на Карпош.

Овој пристап на здрав, слободен и урбан живот ќе биде препознаен од сите — затоа што секој Карпошанец заслужува да се движи безбедно, да дише чист воздух и да живее во општина што мисли за иднината.

Прочитај

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Хумано решение за безбеден живот Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош,...

Wall Street

Во време кога спортот сè повеќе се препознава како моќна алатка за позитивна општествена трансформација, со значајно влијание врз младите генерации, се појавува потреба...

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Advertisement