Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

Совети: Заштитете ја косата од сонцето, солената вода и хлорот

Секое лето се соочуваме со истиот проблем, а тоа е како да ја заштитиме косата од трите фактори кои негативно влијаат врз неа?

Хлорот и солената вода ја прават сува вашата коса, а исто како и вашето тело и таа има потреба од посебни производи кои содржат заштитни фактори.

Токму затоа, косата има потреба од посебна нега во летниот период и најдобро е да го избегнувате бојадисувањето, особено пред летниот одмор.

Како да ја заштитите косата од водата?

Кога одите на пливање, не заборавајте да нанесете посебен серум со УВ заштита, со кој ќе ја заштитите вашата коса од сончевите зраци. Серумот со УВ заштита, ќе ги спречи сончевите зраци да ја уништат вашата коса и да ја направат кршлива и сува.

Како да ја заштитите косата од сонцето?

Сончевата светлина предизвикува посебна хемиска реакција во незаштитената коса, која се вика оксидација. Оваа оксидација, со текот на времето ја прави вашата коса безживотна и лесно кршлива. Производите за коса кои содржат фактор за заштита од сончевите зраци, ќе ја спречат апсорпцијата на сонцето во вашата коса.

Кои шампони да ги користите?

Шампонот кој го користите треба во себе да ја содржи состојката наречена ЕДТА, која ќе ја пронајдете на самата амбалажа. Тоа е состојка која го отстранува хлорот од вашата коса, кој од друга страна пак, може да ја нијансира вашата коса која потоа ќе стане зелена.

Какви препарати за коса треба да користите?

Најдобро е препаратите да содржат силикон, кој ги пополнува празнините и не и дозволува на влагата да навлезе во косата.

Како да ја заштитите косата од влага?

Ако имате права коса која ви изгледа повеќе опуштена или кадрава коса чии кадрици не можете да ги скротите, тогаш станува збор за влагата. Побарајте шампони кои ќе и дадат волумен на вашата коса и избегувајте уреди за стилизирање на косата. Доколку овој шампон не ви помогне, обидете се со шампоните за мрсна коса кои значително ќе ја подобрат и ќе и дадат живот.

Со оглед на фактот, дека сѐ уште не постои специјален препарат со заштитен фактор за косата, најдобар и најсигурен начин е носењето шешир кога се изложувате на сонце.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement