Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

Како правилно да ја навиткате косата со фигаро?

Супер начин за да си го освежите изгледот е да додадете неколку локни. Но, ако не ги користите секој ден, направите слични на фигаро. Искористете ги овие совети и извиткајте ја косата лесно и правилно. 

Одберете ја правилната величина

Фигаро можете да најдете во различни величини. Ако вашата коса е кратка користете многу мало фигаро. А, ако сакате поголеми локни користете фигаро со поголем дијаметар.

Не виткајте многу големи прамени коса

Кога сакате да си правите фризура со фигаро, најдобар начин е да почнете одоздола па да одите нагоре. Исто така, одберете помали прамени за да имате поголем увид во испуштените делови.

Не употребувајте многу жешко фигаро

Треба да користите толку температура колку што ви е доволна за да ја свиткате косата, но не и да ја оштетите. Тенката или оштетена коса треба да ја виткате со минимална температура. Наместо фигаро, можете да најдете пегла за коса која има опција за виткање и регулатор за температура. Избегнувајте пегли кои имаат само копче за вклучување и исклучување.

Виткајте си ја косата во правилна насока

Кога ја виткате косата, за да си го истакнете лицето треба косата да ја насочувате наназад. Кога ја виткате со десната рака, виткајте ја надесно, а кога ја виткате со левата рака виткајте ја налево.

Не ја виткајте косата кога ви е влажна

Влажната коса е поподложна на оштетување од сувата. Дури и кога косата ви е многу малку влажна, виткањето и пеглањето можат да ја оштетат. Исушете ја добро косата пред да ја третирате. Некои луѓе тврдат дека ден од кога ќе ја измиете косата можете најдобро да ја извиткате. Експериментирајте и откријте што ви делува најдобро.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement