Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

Детоксикација на косата

До сега сме пишувале за детоксикација на целото тело, на црниот дроб па дури и на љубовниот живот, а денеска ќе ве научиме како да направите детокс третман на вашата коса.

Детоксикацијата на косата ќе ги извлече сите штетни материи кои се насобрани во косата и кои ја прават сува и испукана, а за тоа од голема помош ќе ви биде глината која ќе ви помогне на вашата коса да и го вратите сјајот и волуменот.

Третманот кој ќе ви го претставиме е најефективен за коса која е природно мрсна бидејќи косата неверојатно добро ја чисти од маснотиите, но исто така можат да го применуваат и оние чија коса е сува па дури и по малку виткана.

Освен глината за детокс третманот на косата ќе ви биде потребен и чај од билки кој зависи од бојата на вашата коса.

Доколку имате светла коса сварете чај од мешавина на камилица и коприва додека за темна коса ќе ви биде потребен чај од рузмарин и коприва.

9

Детокс маска од глина

Состојки:

*1 чаша чај од билки

*1/2 чаша јаболков оцет

*3/4 чаша бентоид глина

*10 капки етерично масло по избор

Изладениот чај и оцетот ствете ги во блендер и полека додавајте лажица по лажица од глината додека не добиете изедначена смеса со густина на јогурт. На крајот додадете од етеричното масло, измешајте и ставете ја смесата во пластично шише.

Маската нанесувајте ја на влажна коса кон врвовите. Оставете да делува 5-20 минути и измијте се со млака вода.

Напомена: Бентонит глината никако не смее да дојде во контакт со метал.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement