Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

4 совети и трикови за нега на омбре косата

Години наназат омбре косата е во тренд, а изгледа дека трендот ќе потрае уште долго време.

Тој е супер решение за пораснатиот корен. Врвовите на прамените се единствени делови кои што треба да ги боите, што значи дека коренот треба да остане таков каков што си е.

Ако сте ја бојадисале косата омбре и ја носите така веќе неколку месеци, тогаш треба да следите неколку правила за нега на косата.

1. Миење на косата 2-3 пати неделно

Ова е вистински предизвик, но миењето на омбре косата секој ден или секој втор ден може да го осиромаши влакното од природните масла и да направи вашата коса да изгледа или премногу мрсна или премногу сува. Да не споменуваме дека и бојата ќе падне побрзо.


2. Потхранувајте ја

Како и секоја обоена коса и омбре косата станува сува и кршлива па затоа е многу важно да се потхранува. При миењето на косата треба да се обрне повеќе внимание на врвовите, бидејќи тие повеќе страдаат од коренот. Користете балсам кои ќе го оставите 2 – 5 минути да делува. Направете маска еднаш неделно на косата или третман со топло масло најмалку еднаш месечно. Кокосовото масло е еден од најдобрите третмани за косата.


3. Избегнувајте апарати кој ја горат косата

Избегнувајте фенови, пегли, фигаро, бидејќи тие предизвикуваат оштетување, уништување и сушење. Постојат многу поедноставни начини да се исправи или навитка косата без топлина. Само бидете креативни.


4. Лимонов сок

Ако ги преферирате посветлите нијанси, дајте му шанса на сокот од лимон. Зависно од должината на косата сокот од 1-3 лимони може да помогне русата боја да биде подолготрајна. Додадете малку мед во лимоновиот сок, за да го спречите оштетувањето на влакното.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement