Овој остров само што помина низ процес на реновирање вреден 100 милиони долари, а кога патувањата конечно ќе бидат дозволени, ќе можете да го имате само за себе…
Одмор на Кокомо островот звучи совршено за прослава по повод завршување на пандемијата. Сепак, ова тропска нирвана сместена во неистражените води на Фиџи, во моментот ни делува како сон. Проект на австралијскиот тајкун од светот на недвижностите, Ленг Вокер, Kokomo Private Island претставува раскошно летувалиште вредно 100 милиони долари, кое има преубаво природно опкружување, нудејќи ненадминлива услуга со пет ѕвезди и пополна приватност.
Наменет пред се за авантуристи, овој ресорт може да прими јахти кои се долги и до 197 метри, а нуди и огромен пакет кој одговара на различните типови на гости. Посетителите можат да изберат вила на плажа или резиденција на врвот на ридот со неверојатен поглед.
Доколку за вас и сето тоа не е доволно екслузивно, Кокомо исто така е достапен да се изнајми и за цена од 150.000 долари на ден. Вкупно 140 гости можат да го изнајмат на овој начин, а доколку сакате, можете да го изнајмите и за себе и за својата сакана личност, како би добиле целосен ВИП пристап до петте луксузни резиденции и 21 вила на плажа.
Во однос на активностите, Ленг кој е предан активист за заштита на животната средина се погрижи гостите да добијат можност да го истражат секој сантиметар од овој недопрен остров. Замислете нуркање со ајкули, планинарење на водопади, спортски риболов и излети за време на изгрејсонцето.
Доколку, сите овие активности ви изгледаат пренапорни, тогаш можете да одморите и да пробате најдобрата фиџи кујна во еден од трите ресторани.












