На само 24 километри од главниот град на островот Хиос, во северниот дел на Егејско Море во Грција , на границата со Турција се наоѓа градот Пирги. Ако сеуште не сте слушнале за овој град , тоа е поради тоа што е релативно непознат , недоволно популаризиран, а и самиот остров Хиос не е одбележан како класична туристичка дестинација, за разлика од останатите Цикладски острови кои се нашироко познати и посетени од страна на голем број туристи.
И покрај војните и дологодишните борби меѓу Турција и Грција, Пирги, е еден од ретките градови кој сеуште изгледа идентично на начинот на кој изгледаше кога бил изграден. Сеуште постојат многу објекти кои датираат од 13 век, вклучувајќи ја и византиската црква.
Хиос е богат со надреално прекрасни плажи, а најубавата која никако не смеете да ја испуштите е плажата Мавра Волиа, единствена на островот која има црн вулкански песок.
Ако сеуште не сте одлучиле каде за летниот одмор , ние топло ви го препорачуваме островот Хиос.










You must be logged in to post a comment Login