На најјужниот дел од Израел во Арапскиот залив се наоѓа Елиат – популарно одморалиште и пристаниште каде морето и пустината се совршено маѓични…
Елиат има преубави плажи, топло време во текот на целата година, но денес, ние се фокусираме само на еден од најдобрите хотели кои се наоѓаат овде: Orchid Reef Hotel, кој е дело на израелски дизајнер на ентериери Даниел Хејсон.
Orchid Reef е бутик хотел со луксузни соби кои имаат минималистички дизајниран ентериер. Сепак, не е само квалитетниот намештај, неверојатното осветлување и шармантната палета на бои кои се сосојат од бела, плава и природни тонови што го прават овој хотел неверојатен. Целиот проект дава се од себе како би ги намалил разликите помеѓу екстериерот и интериерот, а Даниел Хејсон дефинитивно успеал да креира совршена хармонија.
Додадете на сето тоа неверојатна локација и поглед кон море и ќе добиете одмор каков што отсекогаш сте сонувале.


















