Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Најубавиот спа центар: Cheval Blanc St Tropez

Cheval Blanc St Tropez ни дава многу причини за да се вљубиме во него…

Како прво, тоа е луксузен рај на обалата на Средоземното море, каде многу лесно можеме да се изгубиме во времето. Покрај тоа, архитектите Жан-Мишел Вилмот и Франсоа Виелекрозе му подарија на светот нова визија за ривиера, инспирирана од историјата на овој локалитет. Од сите триесет соби и апартмани можете да уживате во неверојатниот поглед на море, а една од локациите од каде ви се нуди најдобар поглед секако е Cheval Blanc Spa. Овде морето и медитеранското сонце ќе ве исполнат со својата енергија, совршено ќе може да се опуштите во колекцијата на ритуали со потпис на брендот Guerlain.

Cheval Blanc Spa е место каде можете да се почувствувате како да лебдите на облаци. Искапен во сончеви зраци, спа-то ќе ве опушти од моментот кога ќе влезете во сензационалниот простор, окарактеризиран со светли дрвени панели. Холистички третмани за тело и ум ќе ги искусите во хамамот, снежниот туш, ледената фонтана и фитнес центарот.

Гостите во спа центарот можат да уживаат и да научат нови јога техники, со медитација, а сето тоа го води стручно лице. Директорот на спа центарот, Одри Курвоазије, потенцира дека центарот е наменет за мажи и жени: “Кога една ќе влезете, веднаш ќе увидите дека вашите потреби се наш приоритет. Мажите често доаѓаат заедно со жени, не знаејќи дека и самите можат да уживаат, додека неговата сакана го поминува времето опуштајќи се“.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement