Плановите за пловечка метропола наречена Dogen City се откриени од стартапот N-Ark. Во срцето на пионерскиот концепт не е само одржливоста и борбата против климатските промени, туку и обезбедувањето најсовремени здравствени услуги и превенција на болести за нејзините жители.
Со површина од 390 хектари, „имуната“ област ќе може да прими 40.000 луѓе (10.000 жители и 30.000 посетители или туристи. Кружната структура ќе може да ги издржи природни катастрофи и ќе вклучува јавни станови, медицински истражувачки центри, капацитети за производство на храна, дури и места за лансирање во вселената.

„За да се одржат поморските претпријатија и да се решат проблемите, политичките, деловните и технолошките стратегии мора да се здружат за да создадат нова поморска економија“, пишува N-Ark на својата веб-страница.
Dogen City ќе се состои од три слоја, или „индустрии“ како што ги нарекува компанијата, секој со своја намена. Прво, постои населено, самоодржливо морско село кое ќе обезбеди жива инфраструктура и ќе промовира ментална и физичка грижа. Обликот на прстенот го штити и од опасности од цунами. Покрај тоа, постои и подводен центар за податоци, кој природно ќе го лади океанот, со што ќе се намали потрошувачката на енергија. Конечно, последниот слој ќе функционира како простор за лансирање и слетување на ракета,под раководство на компанијата SpaceX.

Додека живеат во Dogen City, жителите ќе можат да учествуваат во секојдневните медицински прегледи преку сензори, каде што ќе се земаат примероци од крв и ќе се анализираат за да се процени нивното здравје. Покрај тоа, тие ќе имаат пристап до напредна роботска хирургија и нови иновативни лекови. Што се однесува до храната, земјоделските култури ќе се произведуваат на лице место користејќи иновативни земјоделски методи и технологија базирана на морската вода како извор на хранливи материи за растенијата. Овој град е планирано да произведува речиси 7.000 тони храна годишно и 22.265.000 kW електрична енергија.

Во моментов нема информации за тоа каде точно ќе се наоѓа или кога ќе биде завршен, но можете да ја посетите веб-страницата на N-Ark за повеќе информации.
