Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Туристи, вратете се! Хонг Конг нуди 500.000 бесплатни авионски билети за патници од целиот свет…

Пред пандемијата, Хонг Конг имаше 56 милиони посетители годишно, а до 2022 година тој број се намали на околу 100.000. Властите се надеваат дека бесплатните билети би можеле да ја подобрат туристичката ситуација во Хонг Конг и да ги наведат патниците да го вратат на листата на омилени дестинации…

Со цел да го оживеат туризмот и да ги поттикнат посетителите да дојдат, властите во Хонг Конг одлучија да поделат 500.000 бесплатни авионски билети.

Иницијативата „Здраво Хонг Конг“ беше лансирана неодамна, но се работи повеќе од две години.

Патувањето во Хонг Конг беше комплицирано и скапо за време на пандемијата. Строгите карантини, кои кулминираа со 21 дена изолација и барањата за повеќекратни PCR тестови ги спречија повеќето патници да дојдат во Хонг Конг.

Билетите ќе бидат дистрибуирани меѓу три авиокомпании: водечкиот авиопревозник Cathay Pacific, HK Express и Hongkong Airlines. 500.000 билети чинат скоро 255 милиони долари. Патниците кои сакаат да патуваат во Хонг Конг бесплатно можат да ја посетат веб-страницата World of Winners, почнувајќи од март 1 за да ги внесат своите информации за лотаријата“, пишува Си-Ен-Ен и додава дека билетите ќе се делат во три бранови: од 1 март до патниците низ Југоисточна Азија, од 1 април до оние кои живеат во Кина и од 1 мај до жителите на остатокот од светот.

Многу работи се променија во Хонг Конг во последните две години. Некои омилени локални атракции, како што е пловечкиот ресторан Jumbo Kingdom,се трајно затворени. Други, како познатиот Peak Trama, беа реновирани за време на пандемијата.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement