Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

СЕГА МОЖЕТЕ ДА ИЗНАЈМИТЕ ЦЕЛО ИТАЛИЈАНСКО СЕЛО СО СВОЈ ЗАМОК ЗА 1.577 ДОЛАРИ ЗА НОЌ…

Уживањето во италијанското село е на списоците со желби на многу луѓе.

И додека многу луѓе ја имаат Тоскана на својот радар, има уште многу места во Италија кои вреди да се истражат. На пример, само малку на исток, на границата со Јадранското Море, се наоѓа регионот Марке. Овде, туристите имаат можност да го изнајмат целото село – вклучувајќи куќи, продавници и ресторани – за 1.577 долари од ноќ.

Живописниот Петритоли се наоѓа на врвот на карактеристичниот ридски пејзаж на регионот Марке, само три часа од Рим и четири часа од Фиренца.

Потекнувајќи од средниот век, се карактеризира со необична камена архитектура, калдрмани улици, плоштади, манастир, визба за дегустација на вино и многу повеќе. Петритоли може да прими до 200 луѓе истовремено, со можност за престој во историски замок, куќи за гости, апартмани и шармантни колиби.

Со резервирање на селото, посетителите ќе можат да го остварат својот сон да живеат во традиционален италијански град. Тие ќе имаат пристап до градини, базени, барокен театар, како и локални слаткарници и кафулиња.

Постои дури и опција да се ангажира професионален угостител за специјални настани, кој може да нахрани до 250 луѓе.

И додека има многу да се направи во Пертритоли, гостите можат да одат и на блиските плажи.

Во селото може да преноќат од 50 до 200 луѓе (околу 90 луѓе можат да престојуваат во замокот), но треба да го изнајмите за три ноќи.

Тоа е совршена опција за венчавка за викенд или за голем семеен собир.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement