Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Огромен воден парк каде што можете да пливате, сурфате и да се сончате под палми во текот на целата година…

Во паркот доминира прашума која се простира на 10.000 квадратни метри, во која се засадени 50.000 растенија. Во него живеат и разни тропски животни како што се фламинго, пауни и црвени и сини ара.

Најголемиот тропски воден парк во Европа се наоѓа на педесет километри од Берлин во поранешен хангар за авиони.Tropical Island Resort зафаќа 6,47 хектари и може да прими до 6.000 гости истовремено. Најдобро од се? Отворен е во текот на целата година.

Во хангарот преовладуваат вистински тропски услови – топол и влажен е сите 365 дена од годината – без оглед на временските услови надвор, кои можете да ги проучувате преку стаклениот покрив.

Во паркот доминира прашума која се простира на 10.000 квадратни метри, во која се засадени 50.000 растенија. Во него живеат и разни тропски животни како што се фламинго, пауни и црвени и сини ара.

Наменет е за гости од сите генерации и профили.Тропино клубот е наменет за деца, кој нуди возење со мини брод, забавни тобогани и игри на вода кои никогаш нема да станат здодевни.

Возрасните можат да се релаксираат во лагуната по моделот на балиската, да уживаат во сауна или други спа услуги и да се капат во таканареченото „тропско море“ кое зафаќа површина со големина на три олимписки базени.

Во рамките на водениот парк, можете да јадете во ресторани кои служат сè, од хамбургери и пици до азиска кујна, но можете да спиете и во шатор. Tropical Island Resort нуди кампување во воден парк. Надворешната област наречена Амазонија нуди и спуштање по вештачката река, како и сурфање.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement