Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Овој град е прв на листата на најпосакувани дестинации во Европа во 2023 година…

Титулата за најдобра дестинација за одмор отиде во таканаречениот Rainy City – Лондон.

Секоја година се анализираат прегледи со цел да се создаде листа на најбараните дестинации за одмор, според впечатоците на туристите од целиот свет.

Оваа година првото и победничко место му припадна на еден од најпознатите градови во Европа и срцето на Велика Британија, Лондон.

Лондон порано го нарекуваа „Стариот чад“ поради високото ниво на загаденост, особено кога станува збор за 1952 година, која беше обележана со огромен смог. Придружуван е и со оправданиот и јасен прекар „Дождовниот град“, со оглед на тоа дека чадорот е една од најважните и најпотребните работи во куќата.

Но, и покрај се, магијата на овој голем град не може да се негира, пренесува „Thesun.co.uk“.Наградите „Travellers’ Choice Best of the Best Destination Awards“ се доделуваат за бројот на критики за дестинации во светот и ги истакнуваат најпопуларните дестинации за следната година.

Од сите градови во Европа, Лондон беше највисоко оценет, со што се искачи на врвот на вкупниот ранг, а само Дубаи и Бали се сметаат за подобри дестинации.

Оваа награда не е прва титула која Лондон ја освои оваа година, откако ги победи Париз, Њујорк и Токио за да биде прогласен за најдобар град во светот.

Рим, Париз и Крит беа единствените други европски дестинации кои влегоа во топ 10, заземајќи го четвртото, петтото и седмото место на листата.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement